(ФОТО) Дебарлиева славеш роденден – никој не и би ги дал годините што ги има на ваков изглед

  • By admin
  • декември 20, 2021
  • 0
  • 380 Views

Билјана Дебарлиева е добро познато лице. Македонска ТВ презентерка, жената која долги години ја гледаме на малите екрани е една од нашите најубави водителки.

Дебарлиева за која рековме дека е една од најубавите ТВ лица во земјава воедно важи и за синоним за отменост и елеганција.

Исто така една е и од ретките кои го негуваат македонскиот литературен јазик преку совршеното изговарање на зборовите додека ги презентира дневните вести.

Нежна, сензуална, пријатна за гледање и слушање, таа едноставно е оригинална и единствена како во она што го работи, така и со својата појава.

Дебарлеива својата кариера ја започна многу млада на Македонската телевизија, а оттогаш во нејзината кариера продолжи да работи на различни проекти.

Билјана jа гази петтата деценија од животот, но тоа не би го рекле за неа според нејзиниот физички изглед.Плени со својата убавина, нежност и неверојатна харизма.

Билјана е повеќе од 25 години во брак со сопругот Јован Дебарлиев, а плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Ана и синот Мики.

Двајцата не се многу активни на социјалните мрежи, но знаат понекогаш да споделат по некоја заедничка фотографија.

Биле со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите, а со текот на времето како да подмладува

Според некое непишано правило, за годините на припадничките од понежниот пол не се зборува, бидејќи на секоја возраст жената си носи своја убавина.

Сепак таа не ги сокрива годините, па вчера го прослави својот 49-ти роденден и притоа на социјалните мрежи позираше со родеденската торта како ги дува свекичките.

Но останува општ впечаток дека ретко кој би помислил дека е на оваа возрас поради својот витален и младешки изглед.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *