(ФОТО) Годината ќе биде плодна – Вредните раце на Сузе и Атиџе се фатија за работа

  • By klaster3
  • мај 15, 2022
  • 0
  • 464 Views

За искреното пријателство помеѓу нашата позната водителка, писателка и пејачка Сузана Турунџиева и главниот лик на филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, сме пишувале многупати.

За Атиџе нема кој не слушнал во нашата држава, но и пошироко. Таа по сите оние светски филмски фестивали и холивудски гламур, нашата амбасадорка во светот, се уште привлекува внимание кај јавноста со нејзината скромност и харизма.

Како што раскажа Атиџе во една прилика, екипата од „Медена земја“ ја пронашла во селото Бекирлија, во кое има само неколку жители. Атиџе тогаш живеела со нејзината мајка и уште едно семејство, кои биле нивни соседи.

„Филмот Медена земја ми го промени животот. Благодарност на филмот и луѓето кои ме најдоа. Се сеќавам првпат кога ме најдота, беа тројца, едно женско и две машки. За среќа брат ми бил дома кога дошле“.

На Атиџе во меѓувреме и беше купена куќа во слеото Дорфулија каде со помош на хумани луѓе истата беше средена и таа се пресели и живее таму.

Атиџе сега по 55 години за првпат живее во едни понормални услови, а тоа значи дека има струја и со тоа треба да плаќа сметки, но и други давачки.

„Јас никогаш не сум работела во општината, да разјасниме тоа. Со социјална помош од 4000 денари не се живее. Тие пари не стигнуваат. Да најдам работа јас би работела, сакам да си најдам работа“, изјави за Алфа ТВ.

За разлика од многумина кои ја искористија петминутната слава за да бидат во друштво со Атиџе, Сузе и остана верна пријателка па тие две често се дружат.

На крајот на претходната година Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева им го претставија на фановите нивниот прв – долгонајавуван албум „Пола тебе – пола мене“.

Албумот бил работен 12 месеци, се состои од осум песни, на македонски и на турски јазик и беше промовиран во Скопје, а Атиџе и Сузана се и автори на дел од песните.

Покрај обврските, Турунџиева повторно замина на гости кај нејзината пријателка Атиџе во Дурфулија каде што таа се занимава со пчелите, па напиша:

„Мај е… Пчелките си брмчат. Да се надеваме дека оваа година ќе имаме повеќе мед од претходната“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *