Поранешната министерка гордо го развеја македонското знаме насред Белград (ФОТО)

  • By klaster3
  • мај 15, 2022
  • 0
  • 492 Views

Како што и е познато на македонската јавност, Нина Ангеловска беше поранешна политичарка и министерка за финансии. Покрај тоа, таа работела како консултант за развој на бизнис, дигитална економија и е-трговија.

Таа го иницирала формирањето на Првата македонска асоцијација за е-трговија каде што служела како претседател до влегувањето во Владата.

Ангеловска се школувала во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што дипломирала и магистрирала на насоката Е-бизнис на Економскиот факултет, а докторирала во 2016 година во областа на менаџмент.

Дипломирала како студент на генерацијата и била наградена со Френк Менинг за најдобар студент во генерацијата економски науки во 2010 година.

Таа е соосновач и била на чело на првата платформа за зделки и водечка компанија за е-трговија во Македонија, Групер.мк, лансирана во 2011 година што го трансформираше пазарот за е-трговија.

Ангеловска членувала во одборите на Стопанската комора на Македонија и Европската асоцијација за е-трговија и повеќеканална трговија. Во 2019 била прогласена за една од седумте глобални жени застапнички на е-Трговија на UNCTAD.

Во 2016 година Ангеловска била признаена како една од 100 жени основачи во Европа, листа составена од германскиот стартап магазин Хундерт.

Во август 2019 година, Ангеловска била назначена за министер за финансии во Македонија функција каде што остана една година пред да ја наследи Фатмир Бесими.

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска веќе подолг период како се повлече од политичките води и јавноста и се насочи кон други активности.

Така, се почесто може да видиме како му се посветила на спортот, па неизбежни се нејзините учества на маратони и полумаратони, како во Македонија така и во странство.

Пред извесно време сподели дека трчаше на маратон во Берлин, Германија каде доби медал, а постави и личен рекорд: Постигнат личен рекорд на полумаратон 1:44:52. Над 60.000 учесници, од кои 35.000 на полумаратон. Многу енергија, публика и бодрачи кои го прават трчањето песна, напиша таа.

Викендов, Нина е во Србија и зеде учество на Белградскиот полумаратон за кој објави на социјалните мрежи. Си доби медал, а забележително е тоа што екс министерката гордо го држеше македонското знаме и позираше со него.

„Белградски полумаратон 1:49:43 За мене најте жок до сега. Трка синоним за животот – успехот и задоволстото не доаѓа лесно – многу напорна работа, пот, ups and downs, поддршка, бодрење…“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *