(ФОТО) Гавазова за момент се тргна од микрофонот и ги остави гостите без здив – се покажа во издание како што јавноста не ја знае

  • By admin
  • август 2, 2022
  • 0
  • 317 Views

Сузана Гавазова, една од најдобрите македонски фолкерки и воедно најбарани го докажува својот епитет периодов кога не може глава да крене од забави.

Што приватни прослави, што настапи по локали, но и на отворено. Едноставно публиката си ја сака Сузе, а таа знае како да возврати и да направи забава за паметење.

Нејзиниот Фејсбук профил е полн со слики од настапи насекаде, и со слики од нејзините фанови како се фотографираат со неа.

Освен тоа Сузе е докажана и на приватен план каде е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна а заедно живееја во Шведска.

Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Ако некоја пејачка во Македонија е зафатена, тоа е токму Сузана Гавазова. Струмичанката е постојано на снимања, патувања, настапи, како ширум Европа, така преку океанот.

Сузе како што е познато со професионална музичка кариера почнала да се занимава уште од многу млада и на сцената опстојува со години.

Периодов се актуелни свадбените забави, а каде се тие тука е и Гавазова која ширум нашата држава пее, што беше случај и викендов на свадба во Кочани.

Имено во еден момент додека таа пееше реши да се тргне од микрофонот и замина кај тупаарот каде што му ги зеде стапчињата и реши да тупа.

Ова наиде на големо одобрување кај публиката која остана без здив од изданието на кое што не сме навикнати од Сузе.

И самата таа сподели видео на својот инстаграм профил и притоа напиша: Мојата втора љубов, тупани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *