Само во една гранка на Германија и недостасуваат 200.000 лица за работа, а кандидати се помалку

  • By klaster3
  • август 2, 2022
  • 0
  • 307 Views

Според последните истражувања во 2030 година на Германија ќе и недостигаат околу половина милион болничари и негуватели. Стручниот кадар од странство треба да помогне, но изгледа дека има слаб интерес од неколку причини.

29 годиншна девојка дошла во Германија и прво работела како негувателка во дом за стари лица во близина на Минхен, а сега како медицинска сестра помага при тешки операции во болница во Минхен. Нејзините зборови веднаш би биле потврдени од огромен број медицински сестри од странство:

„На Германија и треба многу персонал во здравствениот сектор. Благодарение на моето образование во мојата татковина, бев добро подготвена. Но, најтешкото нешто овде е – јазикот“.

Одделот на кој работи ја отсликува германската реалност во секторот за грижа за пациентите во 2022 година, пишува Дојче Веле, а оваа приказна се надоврзува на неодамнешните податоци од едно истражување дека дури 148 професии се соочуваат со недостаток на работна сила.

Оваа Мексиканка работи со колеги од Кина, Босна и Херцеговина, Хрватска и, се разбира, Германија, а искуствата на некои наши работници кои отишле не биле баш добри во последно време.

Особено им е тешко да работат како негувателки, велат дека е многу труд, а заработката е недоволна да ги покрие сите трошоци. Сепак, Институтот за германска економија известува дека моментално има недостиг од 200.000 болничари и негуватели.

Германските клиники и домови за стари лица се обидуваат да привлечат кандидати со тоа што има низа примери на вработени на кои им биле понудени летови за Германија, курс по јазик, платен лет за дома еднаш годишно, велосипед и слично.

– Едно е да има кадар, а сосема друго е да има интеграциски концепт имплементиран преку работа. Најчесто нема мониторинг и анализа на работата, а главен проблем е неинформираноста и нетранспарентноста кога се во прашање условите за работа – вели првиот човек на организацијата Енфермерас Алеманија.

Сето ова не е ништо ново за Кристина Фоглер, која веќе 33 години работи како медицинска сестра. Таа е и менаџер на берлинско училиште за негуватели и директорка на образовниот камп во Берлин за занимања во здравствениот сектор.

“Германија не е атрактивна локација за негувателите, а тоа се прочу надвор од Германија. Имаме компл ициран јазик и лоши работни услови, имаме најмногу болнички кревети, а најлош персонал.”, вели Фоглер.

Кристине Фоглер запознала многу негуватели од Филипините или Виетнам кои се вратиле во своите земји по пет години работа бидејќи грижата за старите лица е полошо платена од работата во болница или затоа што се уморни од германската бирократија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *