(ФОТО) Анета и Молика слетаа во Австралија, па покажаа како беа дочекани

  • By admin
  • октомври 6, 2022
  • 0
  • 305 Views

во далечената Австралија живеат и работат голем број Македонци кои со годините наназад се иселиле во потрага по подобар живот.

Македонци во Австралија или Австралиски Македонци се едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.

Најголема имиграција на Македонците има за време на Грчката граѓанска во јна и Втората све тска во јна. Исто така голем број на миграции од Македонија во Австралија има во 60-тите и 70-тите години на 20 век.

Тамошните Македонци важат за една од најголемите наши дијаспори во светот, а неодамна и пристигнаа бројки за тоа колку ја има.

Имено во Австралија живеат 111.352 граѓани со македонско потекло, покажа најновиот попис во оваа држава. Од нив, дури 66.173 изјавиле дека го зборуваат македонскиот јазик дома и покрај фактот дека некои од иселените што се таму се трета генерација.

Македонците во Австралија се можеби едни од ретките во дијаспората кои силно се решени да си ја зачуваат традицијата, јазикот, фолклорот.

А во таа насока се и концертите кои што се организираат се почесто со македонски изведувачи. Во таа насока ќе биде и турнејата на неповторливите Анета и Џими Молика кои веќе пристигнаа во Австралија.

Како што е познато пред некој ден тие се одјавија од Аеродромот во Скопје, а рано утрово по наше време тие пристигнаа на првата точка, Перт.

Џими на својот профил на фејсбук објави дека групата веќе е на австралиско тло и сподели фотки од пристигнувањето на аеродромот каде што ги пречека црвен минибус.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *