(ФОТО) Македонскиот актер за првпат ја покажа поканата лично од Тито и проговори за нивната средба

  • By admin
  • октомври 6, 2022
  • 0
  • 295 Views

Без сомнение Благоја Чоревски е еден од најпознатите и најголеми македонски глумец и режисер, општественик и државник.

За него е познато дека е син на доајенот на македонското глумиште Трајко Чоревски и глумицата Ратка Чоревска.

Тој се занимаваше и со политика. Беше висок функционер во Демократската алтернатива, за подоцна да премине во Демократскиот сојуз.

Популарниот Чоре се уште знае да биде интересен за јавноста, па така утрово во гостување на Сител за Шоу Магазин за првпат јавно проговори на уште една тема.

„За првпат во јавност ја покажувам поканата од Тито лилно до мене од 25.мај 1972 Сопругата моја, шефото мој ја пронајде, таа ги чува.

Тоа е првиот пат кога сум бил кај другарот Тито на лична покана. Тогаш добив награда за најдобар млад актер и тогаш мислеше државата на квалитет па ме повикааа.

Од секоја република бевме по тројца актери, од Македонија Шишковс, колешката Снежана Стамевска и јас, тоа беше незаборавно чувство.

Кога стигнев во Белград веднаш не облекоа во нови одела, тоа воедно беше мое прво лично одело, го чувам уште, но големо ми е сега. Тогаш ни дадоа и чевли, чорапи, мајца, гаќи, буквално се.

Тоа беше после четири години од завршување на академијата. Тоа е многу убав сон кој никогаш нема да го одсонувам. Ми велат иди до другарот Тито, мене нозе ми се от секоа.

Се поздравив и уште тој нежен допир, а всушност цврст го чувствувам. Не праша колку време сме го работеле тој рецитал, а ние му кажавме само три дена, на што ни одоговри, У мајкому. Тоа се убави спомени и ќе ги носам до крајот на животот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *