Ферус Мустафов откри кои атрибути најмногу ги сака кај жените

  • By klaster3
  • мај 31, 2022
  • 0
  • 328 Views

Ферус Мустафов важо за еден од најдобрите и најбарани македонски кларинетист и саксофонисти. Мустафов е роден во Штип, Југославија, во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров.

Има долга кариера од повеќе од 50 години на која можат да му подзавидат многумина пејачи и музичари. Еден од најбараните изведувачи кога станува збор за веселби.

Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.

Што и да се напише за него би било премалку, прескромно и не би можело да го опфати целиот негов досегашен живот, живот полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот…затоа што него го нарекуваат “кралот на саксофонот” и така го препознаваат сите.

– Баш како крал се чуствувам кога свирам на концерт, даваш се од себе, те гелдаат многу луѓе и мора да дадеш се од себе.

Овој штипјанец се уште е активен на музичкото поле и е резервиран за многу настапи, идол е на многумина а наследник гледа во неговиот внук Ферчо.

– Порано имаше многу повеќе пари сега е доста слабо, но можам да кажам дека најголемиот бакшиш го имам заработено со по којниот Шабан Шаулиќ.

– Свирам на 13 инструменти, прв инструмент ми е виолината. За стајлингот се грижи мојата сопруга, но генерално сам се дотерувам.

Мислам дека се гордеат сите со мене да пеат и да свират, сум би насекаде и надвор сите се среќни кај што сум јас, истакнува Ферус.

– При еден настап заработивме бакшиш 180.000 евра. Но готовата пара брзо се троши, како што е сега овој период во цел свет, овие 2-3 години, вели Мустафов.

– Годишно свирам по 10 бесплатни свадби, но знам дека тие ќе ми помогнат подоцна и нема да остават туку така, вели кралот на ромската музика а кога станува збор за жените вели:

– Јас за жена не давам пари само можам да земам. Можам само да ја земам и однесам да ја почестам ручек, но да и давам пари тоа не доаѓа во предвид.

Сепак, во музичката емисија 7/8 Ферус искрено одговори што најмногу сака кај жените. Неговиот одговор беше: „Па и напред и назад, не одбивам“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *