Германија ја зголемува границата за заминување во пензија, позната и причината

  • By klaster2
  • мај 31, 2022
  • 0
  • 368 Views

„Мора да се зголеми старосната граница за пензионирање“, изјави неодамна економистот Гунтер Шнабл од Универзитетот во Лајпциг. Со предлогот да се пензионира на 70-годишна возраст,

Имено, по многу ма ки, во оваа земја старосната граница за пензионирање до 2029 година постепено постепено треба да се зголемува.

Аргументот на Шнабел е генералниот пораст на цените, како и стотиците илјади слободни работни места. Тој вели дека Германија ќе има проблем само кога ќе се пензионира целата генерација на ,,бејби бу м”

Ова се однесува на луѓе родени за време на наглиот скок на наталитетот меѓу Втората светска и 1960-тите, пишува Дојче веле.

Има и извештај од Министерството за труд и социјала, кое пресметува дека до 2035 година нивото на пензиите сериозно ќе падне.

Имено, во моментов, според законот, просечната целосна пензија мора да биде најмалку 48 отсто од просечната плата во земјава, но таа може да падне на 45,8 отсто во триесеттите години на овој век.

Причината е едноставна – нацијата старее, а во неа има се поголем процент пензионери. Така, во 2020 година имало 25,84 милиони пензионери, дури 6,5 милиони повеќе отколку по обединувањето на двете Германии.

Во Германија хронично се води дебата за тоа на колку години треба да се пензионираат луѓето. Овој пат особено е залагањето на социјалдемократите, кои ја предводат Владата во ликот на канцеларот Олаф Шолц. Едно од неговите главни ветувања во кампањата беше стабилно ниво на пензиите.

Неговиот партиски пријател, министерот за труд, Хубертус Хајл, ја отфрла идејата дека сите треба да работат до 70 години.

„Само луѓето кои живеат во свој свет веруваат дека луѓето треба да работат до 70-годишна возраст во челичарници, продавници, или пак полицајци и медицински сестри, изјави Хејл за весникот „Велт“.

Хејл потсети дека социјалдемократите, зелените и либералите во коалицискиот договор напишале дека старосната граница за пензионирање нема да се движи над 67 години и дека ќе се држат до неа.

Политикологот и истражувач на сиромаштијата Кристоф Бутервеге, близок до германската левица, потсети дека дури и во царска Германија во 1916 година старосната граница за пензионирање била намалена од 70 на 65 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *