Убави вести од Визер за Македонците – во најава нови авиолинии од и до Македонија

  • By admin
  • април 5, 2022
  • 0
  • 427 Views

Нискобуџетната виокомапнија Визер размислува да го прошири своето влијание во поранешна Југославија во наредните месеци и во последните неколку недели имаше разговори со владини претставници и воздухопловни власти во Македонија, Косово и Словенија.

Авиокомпанијата се обидува да го надомести изгубениот капацитет како резултат на случувањата во Украина и се фокусира на голем број пазари.

Превозникот се подготвува да учествува на тендерот на македонската влада за субвенционирање на пуштање нови линии, што ги доби во сите три претходни прилики.

Тендерските постапки најверојатно ќе започнат кон крајот на следниот месец или почетокот на јуни, а Визер ги разгледува летовите од Скопје до Љубљана или Марибор, како и до дестинација на хрватското крајбрежје, Прага и продолжување на некои линии што претходно ги прекина превозникот.

Коментирајќи го планираниот обид за проширување во регионот, претседателот на Визер, Роберт Кери, неодамна рече:

„Како една од најголемите авиокомпании во регионот, посетивме голем број градови, како Приштина, Скопје и Тирана, и разговаравме со властите. Дел од нашата работа е да додадеме што е можно повеќе нови дестинации.

Виз Ер планира во текот на следниот период да започне да лета од Скопје до Марибор, поврзувајќи ги Македонија и Словенија со директна линија. Директната линија се воведува повторно по затворањето Адрија Ервејс во 2019 година.

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи и администрација на Словенија најавил дека линијата ќе биде промовирана наскоро, бидејќи Виз Ер сакаат во Марибор да биде стациониран авионот кој претходно беше во Украина.

Словенскиот министер за инфраструктура и урбанизам потврди дека имало разговори со Визер за воведување на линијата Скопје – Марибор, но истакна дека наскоро треба да се постигне конечен договор.

Пред неколку денови, ВизЕр која е најбрзорастечката авиокомпанија во Европа, најави постепено повторно отворање на 7 линии и воведување на 2 нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји, почнувајќи од март и мај. Новите линии се однесуваат на Лутон кој ќе биде поврзан со Охрид и втората линија е Скопје – Малта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *