Тони Цетински реши да си го промени изгледот

  • By admin
  • ноември 30, 2021
  • 0
  • 350 Views

Познатиот хрватски пејач Тони Цетински ги изненади следбениците на социјалните мрежи од една клиника за естетска хирургија.

Имено, пејачот реши да го заврши она што веќе долго го сака, па во Хрватска замина на трансплатација на коса и за тоа ги извести следбениците на Инстаграм.

„Веќе долго имав желба да отидам на трансплантација на коса и среќен сум што поради тоа не морав да патувам надвор од границите на „убавата наша“, бидејќи докторката и експерт за коса во тоа подрачје е уверливо најдобра“ – напиша Тони.

„Искрено се радувам на резултатите“ – додаде тој, а како ќе изгледа во наредниот период, ќе дознаеме многу брзо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *