Дијана од Свети Николе: Ја изгубив ќерка си, ми остави проштално писмо, внуците ме прашуваат – Kога ќе си дојде мама

  • By klaster2
  • ноември 30, 2021
  • 0
  • 737 Views

Дијана Накова од Свети Николе речиси целиот животе самохрана мајка, а пред некое време ја губи и единствената ќерка, која и остава проштално писмо да се грижи за нејзините две деца.

Но Дијана не може да го исполни аманетот, бидејќи нема услови за да го исполни аманетот на својата ќерка, а својата приказна ја раскажува во емисијата ,,Срце на Дланка”

Оваа четириесет и три годишна жена е самохрана мајка и баба на две внучиња, која само на 15 години запловила во брачните води и ја добила ќерка си, која ќе нема долг век.

– Се омажив доста млада, започнавме заеднички живот, имавме слаби приходи, потоа се роди и мојата единствена ќерка, како така се живееше во почетокот.

– Потоа настанаа проблемите, тој се промени многу немав друг излез освен да го напуштам и да заминам со својата ќерка Викторија, многу тешко ја исчував, морав и смогнав сили за нејзе, вели Дијана.

За жал и ќерка и на Дијана ќе ја доживее судбината на својата мајка, овој пат уште полоша, ќе се омажи на 16 и ќе го роди првото дете.

Набргу потоа дошло на свет и второт дете, но ситуацијата станувала се по не поволна, па така и Викторија како својата мајка морала да бара спас. И кога мислела дека се спасила дознала дека има тешка болст.

– На почетокот по породувањето, таа не ја свати сериозноста, имаше само еден мал израсток на градата, продолжи со работа и го занемари тоа.

– Мислеше бидејќи е млада и ќе и помине, но потоа откако увиде дека ситуацијата се вло шува, започнавме по доктори, и дијагностицираа кан цер на градата, тоа се отстрани, па се префрли и на некој други делови.

– Бевме по болници долго време, таа лежеше таму три месеци за да ни кажат по некое време дека не ја бидува. И така беше цела година, за да пред околу една година замине од овој свет, вели во солзи Дијана.

– Никој од страната на сопругот не дојде да праша како е, што е, треба ли помош, јас се сама правев и воедно ги чував двете дечиња, кој својата мајка ќе ја паметат во сенка.

– Барав да останам во болницата во Велес, ќерка ми се чуствуваше дека и се ближи крајо ме молеше, но сестрата не дозволи. Кога ми се јави утрото ми вели ,, Мамо јас сум на земја никој не ме гледа,  заминувам, дојди”. Кога отидов ми рекоа дека заминала на другиот свет.

– Многу е тешко да гледаш како дете полека пополека ти згаснува, си го гледала здраво право, средено, и така се случува, вели во солзи оваа храбра мајка и баба.

– Сум помагала и кога сум немала од мене сум двоела да има за нив, докторите ни даваа лаж на надеж дека ќе биде, вели баба Васка.

– Кога одиме во град, и видеме цвеќара децата често велат ајде да купиме да однесеме на мама, тие уште не се ни свесни.

Машкото пак знае дека е по чината, но постојано прашува ,,Кога ќе си дојде мама”, што да му одговорам, додава Дијана.

– По заминување на нивната мајка децата западнаа, едното го водам по психиј атар, имам лекови по 2.000 денари, побарав помош од социјалното ми рекоа ,, Снајди се”. Како да се снајдам со 15.000 денари, споменикот на Викторија го исплаќаме се уште.

– Често немаме и сум гладна, трпам но за децата да има, се задолжувам, во ранецот сите носат сокчиња но јас и ставам вода.

– Ни фали мама, ја памтиме, беше убава како на сликите што е, велат Аделина и Тео, двете дечиња што Викторија ги гледа и чува од небото.

– Оваа соба каде што седиме е на сестра ми, таа ја спреми за децата, би ми било мило доколку добиеме стан, пред се заради децата, за да го исполнам аманетот од ќерка ми.

– Ми остави аманет да се грижам за децата, да ги извадам на прав пат, да не бидат како татко им, да ги чувам само јас и никој, да не дозволам да ги земе социјалното, и на крајот се збогуваше.

– Немаме купатило, децата ги бањаме во соба, што имавме пари се ги дадовме по лекување на Викторија, која за жал не е со нас.

Сите што сакате да и помогнете на Дијана Накова од Свети Николе, тоа можете да го направите на телефонскиот број 078 965 169 или на жиро сметката 240317004751854 MKD

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *