Татјана Стојановска: Тоа што си познат ти носи привилегии – ќе ви кажам за ситуација во амбулантата

  • By klaster2
  • декември 2, 2021
  • 0
  • 524 Views

Поранешната македонска мисица и една од најпознатите ТВ презентерки Татјана Стојановска беше гостин во емисијата ,, Г- Карпет”‘ каде со домаќините Миро и Ведрана дискутираа на многу теми.

Татјана Стојановска долги години важи за добро познато лице на македонската јавност и со право го носи епитетот за една од најдобрите, најелегантни и најискусни македонски ТВ презентерки.

Секој работен ден македонската презентерка е подготвена за пред телевизиските екраните за да ги води информативните вести и да ги извести граѓаните за важните случувања во државата, регионот и светот.

– Мажот не треба да биде само убав треба да биде и шармантен. За на телевизија луѓето треба да гледаат убави ликови, важен е изгледот, а за радио пак  гласот.

– Јас кретко бев во манекенските води, набруго потоа се префрлив на телевизија и на презентирањето, а за таму покрај тоа што треба да си убав треба да имаш и стас и глас.

– Порано имавме многу големи текстилни гиганти, кој одржуваа модни ревии ширум Македонија и каде што сите манекенки може да се покажат во најдобро светло, што не е случај денес.

– Тоа што си познат или убав до некаде ти дава некои предности, еве на пример кога чекав во амбуланта една сестра ме повика и ми рече ајде дојди, сакаше да ме мушне преку ред.

– Таа инсистираше на тоа, но јас си реков нека ќе почекам, не сакам да стварам негативност кај луѓето. Имало и кога пациентите ме пуштале преку ред и инсистирале ,, Ајде влези ние ќе чекаме”. Да точно е имаме привилегии.

– Исто така и во маркетите кога одам да пазарам, одам вообичајно порано бидејќи работам попладне. И кога влезам во маркет наместо 15 минути јас се задржам 45 минути.

– Моабети со пензионерите, па пофалби, па вака беше или онака беше, додека си прикажеш, кога излезеш од маркетот веќе си уморен од муабети, вели Татјана.

– Мене детскиот сон не ми се оствари, бидејќи сакав да бидам професорка, планирав да предавам нешто поврзано со економијата, додава Татјана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *