Наташа: Два дена се знаевме, веќе вториот ме побара за жена

  • By klaster2
  • декември 2, 2021
  • 0
  • 456 Views

Наташа и нејзиниот сопруг Бојан се познавале само два дена пред тој да ја запросил. Сеќавајќи се на тие денови, Наташа вели дека тоа било љубов на прв поглед.

И покрај тоа што селото се испразнило и многу луѓе среќата си ја побарале на друго место, Бојан сепак се одлучил во татковината да остане и да работи.

Тие имаат шест деца живеат во населбата Бадовац, кај Грачаница, живеа во социјална куќа која ја изградила државата пред 15 години.

– Кратко се знаевме, можеби 2-3 дена, и потоа ме побара да му бидам жена, тоа беше љубов на прв поглед, се се смени јас дојдов тука, вели Наташа за ,,Прва рс”

– Ситуацијата не беше сјајна, лоши услови и сиромаштија со која што уште се бо риме, најпрво едно, па второ, трето и така шест деца.

– Јас и Бојан работевме во една фирма, но таа фирма ја затворија и ние останавме без работа, додека да стигне социјалното често немавме ниту еден денар во џебот.

Овие родители се горди на своите деца, кој им помагаат во секојдневните обврски и се тука за што и да треба, а како што велат децата се богатство.

– Јас сакам да студирам градежен факлутет, имам голема желба, но ќе видиме како ќе биде со финансиите, тешко е но се надевам вели синот Иван.

– Се трудиме да им овозможиме на децата да имаат се, сега ситуацијата не е баш најсјајна, дува од многу страни, скр шени се некои прозорци, вели Бојан.

– Кога ќе наврне многу протопува, барем еднаш да не се грижиме и мирно да спиеме кога ќе наврне, помош ни е добредојдена, додава тој.

Во пресрет на ова семејство и излезе Тамара која со екипата од ,,Работна Акција” се нафатија да и го реновираат домот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *