Татјана Лазаревска се качи на авион во Австралија, па порача: Тргнавме двајца, се враќаме четворица

  • By admin
  • август 22, 2022
  • 0
  • 340 Views

Татјана Лазаревска со сопругот Новица во моментов важат за едни од најпознатите Македонци кои живеат и работат во Австралија.

Како што е познато тие со синовите Стефан и Петар живее во Мелбурн, Австралија веќе шест години откако решија да ја напуштат Македонија.

Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.

За Новица, Татјана често знае да изјави дека тој најмногу ја разбира и е нејзината најголема поддршка.

Со многу труд и посветеност, фолк-двојката успеа да дојде до свој дом во Австралија, лани тие купија куќа во Мелбурн.

Во куќата уживаат со синовите кои исто така имале голема желба да ја купат токму неа. „Петар и Стефан се веќе големи момчиња.

Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски важат за еден од најскладните парови на сцената.

Додека живееше во Македонија, Татјана често настапуваше на многу настани, а сега ги замени со настапи на друг континент. Татјана секогаш објавува интересни слики и видеа од нивниот живот во Австралија.

Како што рековме Татјана и Новица имаат се повеќе и повеќе настапи помеѓу Македонците на далечниот континент. Токму за еден од нив се качија на авион и отпаруваа за Сиднеј.

Татјана на својот профил на инстаграмс сподели фотографија од авион во која покрај со сопругот Новица се со уште двајца музичари и притоа напиша: Тргнавме двајца, се враќаме четворица

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *