Д-р Васкоска е наша гордост во Австралија: Воопшто не е едноставно да се стане мајка и да се завршат докторски студии

  • By klaster3
  • август 22, 2022
  • 0
  • 176 Views

Секоја година во август се одржува Национална недела на науката која во Австралија е можност за средба на научници, за раговори, за занимавање со науката и прославување на нејизното културно и економско влијание.

Првпат се одржала во 1997 година, а сега Националната недела на науката е еден од најголемите фестивали во Австралија со повеќе од 1.000 настани ширум земјата.

Една од жените научници коишто се издвојува во Австралија е Македонката д-р Розита Васковска од Мелбурн, научен истражувач во областа на храната.

Се доселила во Австралија откако стапила во брак со Македонец кој живее во Мелбурн, се вработила, оформила семејсттво и ништо не ја спречило да продолжи со студии и научни истражувања.

– Мојата докторска дисертација беше на темата квалитет на храна поточно работев со месо и со хемиски и физички карактеристики на месото, меѓутоа тоа секако има примена и во другите типови на храна.

Генерално сите студии што досега сум ги завршила биле во областа на храната. Меѓу магистратурата и докторатот направив мала пауза во којашто се вратив во Македонија.

Работев во Технолошко – техничкиот факултет во Битола на насоката Нутриционизам и потоа едноставно решив дека сакам да продолжам со докторски студии, изјави д-р Васкоска за СБС радио.

Аплицирала во Универзитетот во Мелбурн и добила стипендија. Но отсекогаш важело дека времето што потребно да се вложи во науката каде што претежно доминира машкиот пол ги одвраќа жените од продолжување со наука.

– Времето можеби не е главната причина. Главната причина поради која доминираат машките е тоа што кога семејните обврски натежнуваат многу жени се одвратени од идејата да продолжат со студии.

Едноставно кога оформуваат семејство и кога имаат други обврски честопати се откaжуваат. Но, мислам дека во денешно врме се повеќе жени се вклучени во научниот свет.

Јас имав голема поткрепа од сопругот, сепак на средината на мојот докторат го добив мојот син и воопшто не е едноставно да се стане мајка и да се завршат докторски студии.

Но, мислам дека Австралија како држава има многу разбирање за приватниот живот на студентите, посебно во рамките на докторските студии и системот си функционираше најнормално. Од тој аспект сум многу благодарна на државата.

Мислам дека везбедноста на храната во Макеонија е солидна. Пред некои 10, 15 години имаше еден силен бран на воведување на ХАСАП системи така што мислам дека тоа одамна треба да се смета за нешто што е загарантирано на ниво на држава, додава д-р Васкоска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *