„Срце на дланка“: На Мира од Штип и остануваат само 2000 денари месечно, не може ниту лекови да купи, камоли да се прехрани

  • By admin
  • март 18, 2022
  • 0
  • 439 Views

Од емисијата Срце на дланка“ се огласија до јавноста по повод сторијата од нивната последна емизија за Мира Атанасова откако нејзини сограѓани изнесоа свое видување:

Да бидеш непосакуван, незгрижен, заборавен од сите, тоа значи да бидеш погладен и посиромашен од оној кој нема што да јаде.

Тоа е вистината за тажниот живот на Мира Атанасова со која јавноста се запозна преку емисијата „Срце на дланка„. Во неколку наврати младиот Љупче Смилев од Штип, кој пред една година исто така ја раскажа во емисијата својата сторија како самохран татко, и на кој благодарение на хуманиот народ многу брзо му беше среден животот, самиот одлучи да им помага на сиротите и изнемоштените.

Затоа, тој во неколку наврати се јавуваше кај нас и ја пријавуваше тетка Мира, а, кога отидовме да ја снимаме се уверивме во нејзината загрижувачка психо-здравствена состојба.

Оваа поранешна наставничка по македонски јазик ни раскажа дека низ животот е изм амена од многу луѓе на кои им верувала и тоа во староста ја чини и губење на мирот и губење на удобноста во животот.

Таа денес е сама, без топол дом и болна. Се што има е пензијата која однапред е изедена од кирии, сметки, рати за кредити и из вршители. Од неа и остануваат само 2000 денари во месецот, со кои не може да купи ниту лекови, а, камоли да се прехрани.

Жал ни е што изминативе неколку дена се напишаа многу изјави од поединци од тој Град дека Мира има добра пензија и дека живее луксузно. Дека таа проси намерно низ Градот и дека ги ман ипулира луѓето. Дека не е потребна помош за оваа кутра жена.

Денес, сите знаеме дека тешко е да се преживее и во семејство во кое работат неколку членови. А, замислете да сте сами, стари и беспомошни.Се вели: „Ако не можеш да нахраниш 100 луѓе, нахрани барем една личност”.

Му благодариме на младиот Љупче кој го пријави случајот на Мира и за која побара помош, бидејќи на оваа жена и тоа како и е потребна грижа и нега.

Да се биде хуман не значи дека треба да се очекува нешто за возврат. Да се биде хуман значи дека не смее да се обв инува човекот како дошол до таа ситуација.

Да се биде хуман не смее да се има пре драсуди кон народот кој е на работ на егзистенцијата. Да се биде хуман значи само дека мора да му се подаде рака на оној кој е во невоља.

Во овие тешки времиња сите ние сме си потребни едни на други. А, бидејќи мирот се раѓа од насмевката, да направиме што е можно повеќе насмевки да има на лицата на нашиот народ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *