Македонската пејачка се пофали: За првпат во животот облеков фармерки

  • By klaster2
  • март 18, 2022
  • 0
  • 420 Views

Кумановчанката Ивона Јо полека но сигурно се пробива на македонската музичка сцена, за тоа сведовчи и полнењето на локалите каде и да отиде таа.

Претходно Ивона снимаше и за платформата ,,Јутјуб” a сега гради и музичка кариера, но нејзиниот живот и зададе една пречка со која таа успешно се справи.

Имено таа имаше прекумерна тежина што и пречеше во секојдневните активности а таа среши за многу храбар потег кој и го промени животот.

Таа пред некој период замина на зафат во Турција, каде зафатот успешно помина а таа намали од својата тежина дури 60 килограми.

Таа пред некој ден беше гостин во емисијата ,,Репортер” каде зборуваше за својата кариера, патешествие и за тоа како се чуствува сега.

– Можам да кажам дека веќе ја немам онаа лажна самодоверба. Кога седнавме дома во пандемијата дознав многу работи за себе.

– Од типот дека се прејадував не дека сум гладна туку да си го прикријам стре сот. Денес животот ми е сменет, вежбам јога.

– Исто така медитирам и сум посветена на пеењето и настапите и конечно сум вистински среќна, вели оваа пејачка во подем.

– Понапред никој не ме прашуваше како сум. Ме покажуваа со прст и коментираа дека сум дебела. Кога објавив слики на кои носам свилен фустан.

– Луѓето мислеа дека промовирам гојазност. Но јас тоа го направи за себе. Разговорите со психолог многу ми помогнаа да ги надминам проблемите.

– И ми помогнаа да сфатам јас имам многу квалитет за кои не сум ни свесна вели Ивона и додава дека од дете имала проблем со дебелината.

Баба и ја учела да носи широка облека за да и го покрива телото. Денес кога тоа е минато Ивона вели дека не и се лути ниту на родителите ниту на баба и.

– Им простив затоа што само така можев да тргнам напред и да ги надминам сите мои психолошки проблеми, искрено вели Ивона Јо.

Низ сите овие години музиката ја водела кон правиот пат а со јогата освен што го затегнувала телото и ја смирувало и душата.

Помеѓу музиката и јогата, секогаш наоѓа време за дружење и чаша вино со нејзиниот најдобар пријател, пејачот Марио Арангеловски. Марио го запознала на аудиција, а денес се најдобри другари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *