Спенџарска ќе се мажи: Отиде кај Ферус Мустафов да договори музика за свадбата

  • By admin
  • мај 31, 2021
  • 0
  • 16347 Views

Таа е повеќе од една деценија во медиумскиот простор. Многу часови поминати пред камера и богато искуство на медиумско поле. Јелена Спенџарска е една од најуникатните и најпрепознатливите македонски тв водителки.

Една од нашите најпознати водителки, Јелена Спенџарска, речиси секојдневно ја гледавме на малите екрани во изминатите десетина години. Спенџарска остави траен белег во утринските контактни емисии.

Популарната и познатата ТВ водителка на утрински програми, Јелена Спенџарска е обожувана од ранобудците, кои велат дека со својата харизма и позитивен дух, им ги разубавува понекогаш тмурните утра.

Освен што ја „бива“ за работата која ја работи, Јелена Спенџарска последните година, две, на социјалните мрежи покажа и дека знае да размислува, но што е поважно да расудува реално, па и да ги потенцира своите маани, особина која е непозната за многумина.

Јелена Спенџарска, популарната ТВ-водителка од „Канал 5“ и инфлуенсерка на социјалните мрежи, е често знае да биде интересна за јавноста и за нејзините фанови.

Сите кои ја следат, воодушевени се од нејзините статуси, а дел од нив навлегуваат во сферата на филозофијата и психологијата. Многумина се пронаоѓаат во нив, и повеќето се согласуваат.

Воедно Спенџарска важи за една од најпосакуваните невести, но се чини дека таа решила да заплови во брачните води иако засега не е познато.

Имено Јелена денес на опцијата стори на Инстаграм објави краток разговор со еден од најпознатите наши музичари, Ферус Мустафов во кој што вели:

„Се наоѓаме кај Ферус Мустафов и ја договарма мојата свадба. Ферус, кој се ќе присуствува на мојата свадба од музичарите“, кажа Спенџарска на Инстаграм во опцијата стори на што Ферус одговор:

„Епа од најаките дуачи зимам сега, Џамбо обавезно, Едис, јас е сега ќе видиме понатаму пратечки оркестар што ќе биде“, кажа Ферус, на што се придодаде Јелена:

„Чочеци и сите гости бакшижи ќе ве молам кај Ферус, луѓето од бакшижи живеат“, на што Ферус и влезе во збор и рече: „Оти нема да ја пазарием“, но Спенџарска кажа готово, се е договорено.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *