Во Германија се помалку мајстори, а се поголема потреба – нема кој да работи

  • By admin
  • мај 31, 2021
  • 0
  • 855 Views

Веќе добро познато на сите нас е дека Германија е една од омилените државаи за македонските иселеници. Бројката од година на година расте со тенденција да продолжи.

Причина за тоа е што на пазарот на трудот има се повеќе слободни работни места, пред се за квалификувана работна сила, поточно занаетчии и мајстори.

Германските занаетчиски фирми се соочуваат со значителен недостаток на работници. Најбарани се електричарите и водоводџиите, а се бараат и работници во автомобилската и месната индустрија.

Пример кој најдобро ја отсликува ситуацијата е оној на Лиза Риш од областа Рен-Грабфелд во Долна Франконија мораше да оствари безброј телефонски повици и да се соочи со долго чекање за време на изградбата на куќата.

И сето тоа и покрај фактот дека една година однапред таа започна да планира и координира состаноци со разни занаетчиски компании, пишува Дојче Веле.

„Понекогаш мораше да чекаме подолго бидејќи сите компании со кои контактиравме веќе имаа закажани термини и немаа доволно работници да ни помогнат. Поради тоа моравме самите да направиме некои од градежните работи, а потоа изградбата тргна малку побрзо“, вели таа.

Не можеле самостојно да инсталираат систем за производство на соларна енергија на покривот на куќата, па ја ангажираа компанијата BSH-Energie од Бад Кенигшофен, која и покрај тоа што има 150 вработени, поради големата побарувачка, се соочува со постојана трка со времето за да ја исполни договорената работа.

„Секако, се обидуваме да ги испочитуваме сите договорени рокови, но и да им го дадеме на нашите вработени ветеното слободно време“, вели извршниот директор Кристијан Гринберг.

Тој посочува дека ова е една од причините зошто мораат да одбиваат муштерии.

„Нашите вработени се најважниот капитал и не можеме да ги користиме седум дена во неделата“, посочува тој.

Компанијата на Гринберг е една од компаниите кои, според сегашната студија на Конкурентскиот центар за осигурување на квалификувани работници во мали и средни претпријатија (KOFA), се особено погодени од недостиг на работници. Ова е првенствено видливо во доменот на занаетчиските занимања во производството и градежништвото.

Од 26 занаетчиски занимања во кои има посебен недостиг на квалификувани работници, 17 се од овие индустрии. Овие вклучуваат, на пример, градежни електрични инсталации, водовод, греење, климатизација и технологија. Но, квалификуваниот персонал е очајно потребен и во секторот за пласман на месни производи.

Седиштето на BSH-Energie во Долна Франконија се наоѓа во еден од регионите во Германија најпогодени од недостаток на квалификувани работници.

Според студијата на KOFA, има очигледен недостиг на персонал, особено на југот и југозападот на Германија. Во суштина, недостатокот на квалификувани занаетчии е проблем присутен низ целата земја, но е особено изразен во Баден Виртемберг и Баварија.

На пример, Германската агенција за вработување во Ансбах-Вајсенбург, Швајнфурт и Вирцбург, и покрај падот и пандемијата во 2020 година, не најде соодветни квалификувани работници за повеќе од 70 проценти од работните места. Помалку по годени се урбаните области на Северна Рајна-Вестфалија, како што се Келн и областа Рур.

За да се елиминира недостатокот на квалификувани работници во занаетчиските занимања, потребни се млади луѓе. Сепак, и покрај постоењето на бројни училишта низ цела Германија, релативно мал број ученици се одлучуваат за стручно образование.

„Потребни ни се многу млади луѓе за стручно оспособување во разни занаети“, вели Франц Ксавер Петерандерл, претседател на Занаетчиската комора на Баварија, додавајќи:

„Во Баварија, бројот на студенти во занаетчиските професии се намалува за околу пет проценти годишно ;

Така, во текот на 2020 година, склучени се вкупно 129.459 нови договори за стручно оспособување во претежно занаетчиските индустрии во цела Германија, што е за околу 10.000 помалку од претходната година.

Ова значи дека во целата земја има намалување на бројот на пополнети места за професионален развој во занаетчиството, за околу седум проценти.

Според претседателот на Занаетчиската комора, причина за непривлечноста на занаетчиската професија е недостатокот на информации за можностите што ги нуди практикувањето на занаетчиството.

„Обучените занаетчии тука можат да се развиваат, па дури и да заземаат лидерски позиции. Многу млади луѓе имаат заблуди за потенцијалот за заработка на занаетчиите“, вели Петерандерл.

По завршувањето на училиштето, младите повеќе сакаат да учат отколку професионален развој во занает.

„Откривме дека околу 30 проценти од младите луѓе кои избираат да студираат го напуштаат универзитетот без диплома. Ние сакаме да ги видиме овие млади луѓе меѓу занаетчиите“, додава Петерендерл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *