Словенија воведува нови мерки за влез во државата – познати измените

  • By admin
  • јануари 8, 2022
  • 0
  • 509 Views

Ситуацијата со вирусот како во Македонија, така и во регионот, но и ширум европа од ден на ден станува се по не поволна.

За тоа придонесуваат новите сојови кои брзо се шират, а поради кои се воведуваат нови мерки во низа држави.

Последна во низа која воведе нови мерки е Словенија каде што ќе може да се влезе само со негативниот тест без карантин.

Од понеделник ќе биде пократок од досега, се вели во новиот протокол на владата, која реагираше на забрзаното ширење на сојот омикрон

Валидноста на негативниот ПЦР тест при влез во Словенија ќе биде 48 часа од земањето брис, а на брзиот антигенски тест 24 часа од земањето брис, додека другите услови не се менуваат, пишува РТВ Словенија.

Исто така, со новите мерки, кои стапуваат во сила од понеделник, ќе се променат условите за користење на јавниот превоз и ќе можат да го користат само лица кои се вакцинирани, кои прележале ковид-19 или имаат негативен тест.

Во сила останува и мерката за задолжително носење заштитна маска.

Во возовите и автобусите бројот на местата за седење е ограничен, а потребно е и одржување растојание меѓу патниците на местата за стоење. За контрола и спроведување на протоколот се задолжени организаторите на транспортот, односно јавните сообраќајни претпријатија.

Според неофицијални податоци, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 4 468 нови инфекции, речиси 3 000 повеќе од пред седум дена.

Eпидемиолозите предвидуваат дека со ширењето на сојот омикрон, кој станува доминантен, бројот на дневни инфекции во врвот на новиот бран може да се зголеми на 10 000, па и повеќе.

Како што е познато во Словенија живеат и работат голем број на граѓани од Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *