Скопјанецот Исмаил кој 38 години е бездомник долго ќе го памети потегот на учениците од Никола Карев

  • By admin
  • март 30, 2022
  • 0
  • 464 Views

Валентина Панџарова на својот профил на фејсбук пред неколку дена сподели објава која привлече големо внимание, а во истата се вели:

Дедо Исмаил е 38 години бездомник. Одамна го гледаме на ќошот на Гимназија Никола Карев,седнат, полуслеп,ист оштен,во придружба на кучето,па и тоа бездомник.

Одвреме,навреме децата му оставаат сендвич,кој го дели рамно на пола. Пола за него,пола за другарчето. Вчера,учениците од Карев разговараа со него за животот,за здравјето,за потребите.

Скромен,вели не му треба ништо освен чист џемпер и маица.За кратко време му ги подарија.

Деца се тоа,чисти,жалосливи искрени. Прашаа што може друго да сторат за него.Дедо Исмаил одвај проговори дека би сакал некогаш да се избричи.

Лека,полека, колку му дозволуваат годините што му натежнале,во придружба на Каревци го однесовме до првата берберница,каде љубезниот персонал го дотера.

Горда сум на вас деца,знам колку е убаво чувството кога теоријата ја оставате во училница.Делата се битни. – вели на крај од објавата.

После еден ваков потег што да се каже, секоја чест за дечињата кои барем за момент му дадоа малку радоста на овој човек.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *