Јана конечно се израдува: Веќе не живее во немаштија, а и се исполни и една голема желба

  • By klaster3
  • март 30, 2022
  • 0
  • 545 Views

Пред повеќе од еден месец ја споделивме таж ната приказна на десетгодишната Јана која за жа л останала без мајка на свои 7 години.

Живееше во тешки услови со нејзиниот татко Горан и баба, во стара куќа без бања во с. Топлац, кај Врање. Јана ја изгубила својата мајка која неизмерно ја сакала и со која била бескрајно поврзана.

Нејзината мајка по чинала во 2018 година по два месеци откако Јана тргнала во прво одделение.

– Нејзината мајка по чина во 2018 година по долга бит ка со многу тешка бол ест, два месеци откако Јана тргна во прво одделение. Речиси две години се бор еше, како што изјави таткото на Јана, Горан, во својата емотивна испов ед.

– Мојата сопруга ми рече: „Само да ја одведам во прво одделение“. Едвај успеа да ја однесе ќерка си во училиштето кое е на 200 метри од нашата куќа. Кон крајот на октомври веќе не можеше да оди – вели таткото на Јана.

Тој заработува 11.000 динари кои не му се стални, бидејќи работи каде ќе го викнат и колку му дозволува времето, по заминувањето на сопругата, целиот товар паднал врз него.

Лето работи, а зимата е серизоен предизвик бидејќи потешко се доаѓа до работа. Мајката на Горан има пензија од 8.000 динари, а тој добивал социјална помош од 11.000.

Но, благодарение на хуманите граѓани и Фондацијата Тамара Мисирлиќ, ова семејство конечно може да живее попристоен и поубав живот.

Како што објави самата хуманитарка Тамара, тие веќе се сместени во нивниот дом, а Јана е пресреќна затоа што доби розова соба како на принцеза. Во собата има плакар, масички, убав кревет, но и сите други соби се убаво уредени.

Добија и бања за да не мора повеќе да се капат во мијалник. Како што ни велат, добар дел од работата досега направиле. Распаднатата куќа со скрше и прозорци, бетон на подот и речиси срушен таван се претвори во топол дом полн со радост и среќа.

-Куќата има три соби, но во секоја состојба беше катастр офална. Насекаде поставивме ламинати, сменета е целата столарија. Во куќата практично немаше прозорци, тие беа скршени. Бабата на Јана е пресреќна, вели „Конечно не дува и не ми е ладно“ – вели еден од мајсторите за Телеграф.рс.

Сменета е и надворешната врата на старата куќа, а тоа особено ја израдувало малата Јана.

-Денеска само што се врати од училиште беше насмеана кога виде што направивме. Многу е среќна поради новата надворешна врата, има шпион, а Јана не видела досега, па цело време го гледа – низ насмевка наведува нашата соговорничка, додавајќи дека завршиле со изолацијата на куќата.

– Многу е среќна, насмеана… Секогаш не прашува за кафе и дали сме уморни. Не може да поверува во што се претвори нејзината стара куќа – додава мајсторот.

А таванот кој падна половина метар во една од собите е саниран, односно целосно среден. Уредени се и таваните во другите простории.Средена е и кујната со потребните кујнски елементи, веќе имаат и бања и секаде е поставен ламинат.

Да потсетиме, во домот на Михајловиќ немало ниту бањи, ниту ламинати, со години живееле без вода. Се снаоѓале така што оделе до блискиот извор и се капеле во соба, во корито.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *