Сефер Цаноски покажа дека има големо срце: Ќе ги покрие сите трошоци за 16 годишен Димтар во следните 6 години

  • By admin
  • март 30, 2021
  • 0
  • 2082 Views

Сефер Цаноски, директорот на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН важи за успешен бизнисмен долги години наназад, но човек кој многу пати покажал хуманост во себе.

Кога ќе се спомене името на Сефер Цаноски, јавноста најмногу ја интересира неговиот приватен живот за кој тој нема проблем јавно да говори.

Цаноски сега е во брак со убавата турчинка Сезен Баш, додека претходно беше оженет со Лејла, ќерка на бизнисменот Велија Рамковски со која исто така имаат деца.

Без љубов е тешко да живееш, работиш и функционираш. Љубовта со Лејла згасна пред неколку години. Се трудевме да ја спасиме на многу можни начини, но не успеавме.Одлучивме да се разделиме. Сфативме дека е најдобрата опција за нас двајцата да продолжиме со животот и да ја фокусираме целата наша енергија на нашите деца.

Драго ми е што успеавме да останеме пријатели. Со Лејла и со фамилија Рамковски сум во скоро секојдневна комуникација и имаме голема меѓусебна почит. Имаме две прекрасни деца и заедничка обврска према нив – кажа тогаш Сефер во интервју за Фокус и додаде:

-Со Сезен се сретнавме сосема случајно на една од улиците на Таксим во регионот Пера, додека чекав за еден состанок. Пиев кафе на коридор во 20 милионскиот Истанбул кога се појави пред мене.

Се погледнавме очи во очи и во истиот момент и двајцата го почуствувавме истото! И викам, извинете, дали зборувате англиски?, а таа ми се обрати со убав чист англиски јазик, што за Истанбул и Турција е тешко да го најдеш. Но не беше до англискиот… За прв пат во живот ни се случи љубов на прв поглед.

Сезен е најискрената женска личност што сум ја запознал во мојот живот. Германска култура. Турска чесност и почит. И современа жена со широки погледи.

Сефер Цаноски повторно покажа дека има големо срце откако на својот профил на фејсбук сподели дека застанува финансиски зад еден од најталентираните спортисти во нашата држава, младиот стружанец Димитар Јовановски:

Инвестираме во нашите таленти!Државниот првак во Дуатлон ,Триатлон и Друмски Велосипедизам Јуниор категорија 16 годишниот Димитар Јованоски во наредните 6 години ќе биде поддржан од Американскиот Универзитет на Европа – ФОН.

Во договорот за спонзорство на овој наш талент ќе му бидат покриени сите трошоци за домашните, европските и светските натпреварувања како и стипендирање на неговите студии.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *