(ВИДЕО) Музичар од Струмица го искрши својот инструмент: Во долгови сум, ќе го продадам за старо железо

  • By admin
  • март 30, 2021
  • 0
  • 1119 Views

Музичарите и воопшто музичките работници, беа меѓу првите кои ги почуствуваа последиците од оправдано донесените мерки за сузбивање на пандемијата, кога меѓу првите добија забрана за извршување на нивната дејност“.

Од таа причина, илјадници семејства во изминатата година останаа без основниот приход за егзистенција. Некои музичари беа или се принудени да ги продадат своите инструменти и да бараат начин за заработка во други струки кои немаат никакви допирни точка со музиката.

Состојбата кај најголемиот број музичари е тешка! Помошта која беше реализирана од страна на државата во декември минатата година беше добредојдена и покри дел од секојдневните семејни потреби на уметниците и за тоа испраќаме благодарност до Владата!

Но, за жал, пандемијата сеуште трае, а уметниците под забраната за активност се оставени без работа, без ангажман, без основни приходи, без најава за евентуални настапи со пропишани протоколи.

Не задоволството кај музичарите од ден на ден расте што е и очекувано со оглед на актуелната состојба со вирусот.

Музичарот Бејтула Асанов преку социјалните мрежи се огласи каде сподели видео како се ослободува од својот дувачки музички инструмент од кој вадел за леб.

Асанов видно револтиран над видеот кое што го објави на својот личен профил на фејсбук напиша:

Значи нема свадби, неможеме да си исплатиме долговите за стрија, за вода, за се. Преку глава сме заглавени и повеќе нема да свириме. Ете така за железо сите инструменти ќе продадеме. Поздрав до Филипче.

Во видеото може да се слушне како Асанов вели:

Повеќе нема свадби, нема мозика, а дома само фаќа место што ќе ми е, а погледнете се работи. Ајде нека е на здравје, поздрав до Филипчето.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *