Сенад одлучил: Обработувам 25 хектари земја, имам 20 крави, но не се издржува – ќе одам за Германија

  • By klaster3
  • април 18, 2022
  • 0
  • 387 Views

Животот во туѓина не е мед и млеко, но и покрај тоа се повеќе Балканци иднината си ја гледаат надвор од родната земја. Причини се многу, ама најчесто е недостатокот на пари.

Сенад Бајриќ се занимава со земјоделство и сточарство повеќе од 10 години. Истакнува дека е дојдено време да размисли да замине во Германија со сопругата и петте деца.

Сее жито, пченка, но и изнајмува земја на други за обработување. Работи сам со три трактори, вели дека не може да најде никој да му помогне и мора да работи сам, но се радува што барем има функционални машини.

„Овде веќе работата е неисплатлива, работиме во минус и цела година чувствувам дека не одам напред. Вистинска бор ба е, ката строфа беше минатата година поради сушата што зафати.

Имам 25 хектари земјиште, околу 20 грла крави ама како тргнало, богами, уште една – две години и јас ќе одам во Германија. Имам положено категорија за камион, имам искуство и се надевам на работа.

Тешко ми е сега се ова да го распродадам. Со години веќе работам земјоделие, сигурно откако знам за себе, тракторите и кравите биле покрај мене.

Ако заминам таму секако и фамилијата ќе ја однесам. Јас можеби некогаш ке се вратам, ама децата никогаш не би се вратиле.

Сега се надевам само да ми е родна годината, ако биде суша како лани ќе биде готово. Не верувам на никакви ветувања, ни од власта ни од никој – помош нема да добијам“, вели Сенад во интервју за Средна Босна.

Целта му е луѓето да видат дека не е толку лесна работата, не е само да се изора и посее нивата, туку треба и многу труд и одржување, а најмногу од се фалат пари.

„Имам 5 деца, четири одат на училиште, а петтото е уште бебе. И децата ми помагаат колку што можат. Работам, се бо рам уште откако знам за себе.

Станувам во 7, ги хранам кравите и после на нива со трактор, се враќам дома вечерта пак работам. Утредента иста приказна, тешка е работата за малку пари.

Научени сме да работиме, немам стра в од работа само ме нервира што некој ме прави будала. А на децата никако не им дозволувам со ова да се занимаваат.

Никој не ја цени оваа работа, доаѓа време да си ги тражиш правата како некој просјак. Ова е тешка работа, но парата што се заработува иако мала, барем е чесна“, заклучува Сенад.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *