Александар Вучиќ јасно кажа што мисли за Македонија и Македонците

  • By admin
  • април 18, 2022
  • 0
  • 319 Views

Неодамна, лидерот на Српската напредна партија (СНС) и претседател на соседна Србија, Александар Вучиќ освои нова голема победа на претседателските и парламентарните избори.

Со ова Вучиќ уште еднаш ја доби довербата од своите граѓани да ги предводи во следниот период. Резултатите се показател на она што го сработи во изминатиот период.

Вучиќ при синоќешното гостување во емисијата Хит-твит на Пинк ТВ на прашањето дали ја видел анкетата во Македонија, според која Србија се смета за најдобар пријател, одговори дека ја видел и оти се разбира дека Србија им е најдобар пријател на Македонците.

-Да, го видов тоа, и за политичарите и за земјите. Србија, с е разбира, им е најдобар пријател, рече Вучиќ.

На прашањето дали е изненаден од таквиот одговор на Македонците, српскиот претседателот одговори дека не е изненаден. -Не сум изненаден. Ние сме најголемите пријатели на Македонија. Кого поблизок имаат од Србија?

Ние сме единствените кои не им бараме промена на името, знамето, јазикот, ниту што било друго. Го сакаме македонскиот народ. Ништо не бараме од нив. Освен да бидеме во најдобри можни односи, да бидеме пријатели и браќа, кажа Вучиќ.

Тој изјави дека е во план наскоро Србија да организира еден голем саем на вино на кој ќе бидат поканети сите и додаде дека останува да се договори датумот, кој ќе биде на крајот на мај.

Во анкетата под наслов „ Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите”, 39 отсто од испитаниците ја посочиле Србија за најголем пријател на Македонија, а на второ место се САД со 17 отсто.

И во други истражувања претходно Србија била најголем или меѓу најголемите пријатели на Македонија. Имало и анкети на кои граѓаните се изјаснувале и дека Турција ја сметаат за голем пријател на земјава.

Прито српскиот претседател посочи дека иницијативата Отворен Балкан опстојува благодарение на Тирана, Белград и Скопје и дека САД имаат коректен однос кон оваа иницијатива, што, како што истакна, не може да се каже за Европејците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *