Сашко Коцев ја искоментира авиокомпанијата Визер – Наум Петрески убаво му возврати

  • By klaster3
  • септември 13, 2022
  • 0
  • 282 Views

Кога станува збор за Сашко Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален план, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.

Без сомнение важи за еден од најдобрите македонски актери кој знае секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвен да зборува.

Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи.

Во едно неодамнешно интервју за „Бекстејџ“, Коцев вели дека е доста самокритичен и дека за некои работи не очекува награди, па кога ќе ја добие е пријатно изненаден.

„Веднаш е чувство на една одговорност и пред публиката, екипата и пред колегите дека си добил толку и толку награди и тоа треба да го оправдаш“ вели актерот.

Како и многу познати личности, така и Сашко Коцев е активен на социјалните мрежи, но тоа го прави на еден начин свој стил.

Коцев секогаш е краток и прецизен, што се вели ја доловува поентата на она што сака да го каже без да потроши многу зборови.

Со години наназад Визер важи за авиокомпанија која е најголема според обемот на работа на територија на Македонија. Во Европа е рангирана меѓу првите десет најбезбедни нискобуџетни авиокомпании за 2022 година врз основа на оценката на„Рејтинг на авиокомпаниите“, информираат од компанијата.

Така овојпат Коцев на својот профил на фејсбук реши да сподели една констатација за авиокомпанијата „Визер“ за којашто напиша:

„Wizz Air у ефикасност и возен ред е нешто измеѓу МЖ и Југ-Турист на времето!“, а неговиот пријател познатиот пејач Наум Петрески му одговори:

Струга – Охрид релација: Ќе поминит Димче ќе не соберит со црвениот, со што предизвикаа бројни реакции и коментари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *