Македонски патници едвај успеале да се вратат во Австралија – сведочат низ се што требало да поминат

  • By klaster3
  • септември 14, 2022
  • 0
  • 458 Views

Според последните информации неколку македонски граѓани останале затечени на аеродромот во Бангкок откако авионската компанија „Џетстар“ им се извини на околу 4.000 патници кои минатата недела беа по годоени од откажувањето на 8 летови.

Џереми шмит – главниот пилот, изјави дека тимови во компанијата работеле напорно да ги извлечат затекнатите патници што е можно поскоро и вели дека биле поставени пет специјални служби со цел да ги однесат луѓето дома и да резервираат места на „Квантас“.

Но Катерина Андреевска од Мелбурн која беше една од затекнатите патници вели дека таква помош не добиле сите патници.

– Јас тргнав од Скопје да се враќам назад за Австралија после неколку месеци што бев во Македонија на одмор. На втори септември тргнав од Скопје меѓутоа пред да тргнам добив порака од Џетстар дека летот којшто треба да биде од Бангкок всушност последниот дел од моето патување до Мелбурн е откажан.

Tоа беше 2 часа пред дa тргнам од аеродром во Скопје и бев многу вознемираена. Додека се спремав да тргнам не можев да најдам ништо, никој не можеше да ми помогне така што си тргнав од Скопје со турскиот авион по мој аранжман.

Ме советуваа да одам во Банкгок па да видам и така тргнав на пат со мисла што ќе стане кога ќе стигнам. Кога стигнав во Бангкок не чекаше еден специјален претставник од аеродромот со табличка.

На неа беа напишани сите имиња на луѓе патници на тој авион коишто требаше да бидат префрлени во Џетстар. Мене малку ми олесни си реков ќе се реши нешто со ова, меѓутоа кога ме однесоа во другиот дел од аеродромот каде што имаат свои канцеларии ни кажаа не можеме ништо да направиме за вас.

Џетстар нема веќе летови оваа недела можеби до следната недела во петок ќе има некој лет. Понудија да си најдеме свое решение, а тие да ги вратат парите.

Ни дадоа ваучер којшто е од отприлика десет австралиски долари да си купиме по еден сендвич во Бангкок на аеродромот, не ни понудија хотел. Од нивното официјално писмо по емаил ни кажаа дека имаме право на хотел, на такси, имаме право да добиеме помош за храна, но ништо од тоа не добивме.

Рекоа дека мораме сами да се грижиме за себе не оставија таму на аеродрмот без ништо. Имаше и постари луѓе, имаше двајца луѓе Македонци постари над 80 години – маж и жена коишто патуваа во истиот авион со мене од скопје.

Уште двајца постари кои беа веќе расплакани немаат кредитни картички, немаат како да се јават и настана ха ос на аеродромот. Имаш резервацијам има компанија што лета, не се некои коишто сега почнале, беше стр ашно искуство не знам што се случува.

Морав да им помагам на луѓето кои беа од Македонија и имаа ќерка во Мелбурн. Норав да се јавам по телефон да им помогнам да може таа да им резервира карти.

Потоа моравме сами да си ги платиме картите по 1600 1800 долари за да се вратиме дома. Никогаш не би патувала веќе со нив, заклучува Катерина Андреевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *