Сашко Коцев за патото кој го возеше денес: Преку нивите има помалце дупки

  • By admin
  • јули 3, 2022
  • 0
  • 283 Views

Кога станува збор за Сашко Коцев нескромно може да се каже дека е омилениот македонски актер, па затоа кога му се случува нешто ново на приватен и професионален план, тоа секогаш предизвикува внимание и рекации од јавноста, односно неговите бројни фанови.

Без сомнение важи за еден од најдобрите македонски актери кој знае секогаш да ја насмее публиката, кога станува збор за неговите професионални ангажмани секогаш е подготвен да зборува.

Коцев е актер со многубројни ангажмани, настрана тоа што игра во добар дел од репертоарот на матичниот Македонски народен театар, тој снима реклами, има стендап-настапи.

Во едно неодамнешно интервју за „Бекстејџ“, Коцев вели дека е доста самокритичен и дека за некои работи не очекува награди, па кога ќе ја добие е пријатно изненаден.

„Веднаш е чувство на една одговорност и пред публиката, екипата и пред колегите дека си добил толку и толку награди и тоа треба да го оправдаш“ вели актерот.

Како и многу познати личности, така и Сашко Коцев е активен на социјалните мрежи, но тоа го прави на еден начин свој стил.

Коцев секогаш е краток и прецизен, што се вели ја доловува поентата на она што сака да го каже без да потроши многу зборови.

Така беше и овојпат кога на својот профил на фејсбук реши да сподели една констатација откако денес патувал :

Го возиме новиот пат Росоман-Плетвар-Прилеп. Убаво е означен и пријатно се вози.

Нешто подоцна повторно се надоврза, сега пак искоментира нова патна делница за која што рече:

Прилеп-Битола….преку нивите има помалце дупки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *