Венко Филипче се огласи по подолго време: Ги живееме најемотивните моменти, најважно е да се задржи разумот

  • By admin
  • јули 3, 2022
  • 0
  • 259 Views

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче по подолга пауза повторно се огласи во јавноста и пред неколку моменти преку својот профил на фејсбук напиша:

Ги живееме најемотивните моменти на поновата македонска историја, време во кое се носат историски одлуки за иднината на државата.

Ако нешто знам, тоа е дека во овие моменти најважно е да се задржи разумот за да може темелно и објективно да се анализираат опциите. Емоциите не се добар сојузник, а оние кои ги искривуваат фактите со цел подгревање на емоциите, прават голема шт ета.

Она што треба да го направиме е да ги „извагаме“ можностите кои сега се на маса и да ги предвидиме следните чекори при секое од можните сценарија. Ова е нужно за да донесеме државничка и одговорна одлука.

Прашањата кои треба да ги одговориме се:

1) Дали во брзо време и догледна иднина можеме да добиеме подобар предлог од овој? На ова прашање немаме одговор, но факт е дека далеку поголеми се шансите да немаме ниту брзо нова можност ниту подобар предлог.

2) Дали со фактот (а тоа е факт) дека како Македонци кои говорат македонски јазик не го исполнуваме клучното ветување кое го дадовме пред себе, да го заштитиме јазикот и идентитетот? Мислам дека одговорот е да.

Точно е дека остануваат отворени прашања во делот на историјатак, но во истиот дух и со исти сили ќе ги решаваме во билатералните преговори со Бугарија. Тие нема да бидат услов за нашите преговори.

3) Каква е разликата ако Бугарија реши да не блок ира додека преговараме и ако воопшто не почнеме да преговараме и останеме блок ирани?

Навистина не ја гледам разликата како ќе имаме подобри позиции без почнати преговори, без решен јазик (а тоа е факт, јазикот го решаваме).

Кој гарантира, во ваква несигурна состојба во Европа и светот, дека утре ќе имаме подобри услови? Кој знае дали во Бугарија ќе има „поразбрана“ власт која ќе ги прифати сите наши барања?

Слушнавме многу квалификации, пораки, но и неб улози од опозицијата. Многу начини како да се блокира решението, но, не и што после бло кадата? Кои се алтернативите, колку време и најважно – како планираат тие ова подобро да го решат? Или планот е да останеме на статус кво уште неколку децении?

Предлогот не е идеален, но идеално нема да добиеме. Овој предлог кој е прифатен од сите европски земји е најдобриот кој сме го добиле досега.

Имало и други предлог – решенија, но тие не биле прифатени од сите, со тоа и не може да се каже дека се решенија. Затоа, да бидеме мудри и одговорни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *