Марија од Охрид: Често немам ни за храна, а децата си бараат – дури велат мамо и ние ќе работиме со тебе

  • By admin
  • јануари 16, 2022
  • 0
  • 694 Views

Охриѓанката Марија Шиникоска е млада самохрана мајка на четири деца која има не убава животна судбина.

Оваа мајка останала на улица, незнае кога последен пат се насмевнала, државата и доделила стан но не и дозволува да се всели.

Мајка и заминала на другиот свет додека татко и не се грижи за нејзините про блеми воопшто, па така оваа млада мајка е препуштена сама на себе

– Бракот заврши поради семејно наи лство и сето тоа се случуваше пред очите на децата, морав да ставам точка на тоа, вели пред камерите на ,,Срце на Дланка” оваа мајка.

– Бевме во ше лтер центарот, живеевме одредено време, по некое време една хуманитарна организација ни помогна во посредување на социјален стан.

– Во станот се уште не сме вселени, бидејќи договорот се уште не е потпишен, моментално живееме кај мојата золва. Но немаме се уште имотен лист и неможеме да влеземе.

– Социјална помош земам само шест илјади денари, овде ги плаќам сметките, па ле ковите за децата а за храна и пелени некогаш не ни останува.

– Секој контакт што го имам од претходниот сопруг е преку неговата сестра односно золвата која помага барем за млеко.

– Често сум останувала без храна и млеко. Сега и золвата има некој сп ор за оваа куќа може да останеме на улица во секој момент.

– За храна ми помагаат отец Оливер и Маргарет колку толку, но сепак не е еден ден. Многу е тешко со четири деца, барем да се вселам во станот, вели со тешки воздивки Марија.

– До скоро и работев на два три саати ги оставав децата овде на една жена но се разб оле ќеричката и морав да останм дома.

– Дечињата си бараат не разбираат, дури и ми велат „Мамо и јас ќе работам со тебе само за да има“, родендени не им правам немам како.

– Ми бараше компјутер бидејќи им рекоа дека онлајн ќе учат. Најголема желба е да влеземе во новиот стан, една соба но да биде наша.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство, тоа можете да го направите на оваа жиро-сметка 200003119011421 Стопанска Банка или на телефонскиот број 076/605116. Марија Шиниковска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *