Битолчаните Зоран и Снежана кои се брат и сестра иако завршиле со просек 10 се уште се без работа

  • By admin
  • јануари 16, 2022
  • 0
  • 542 Views

Битолчаните Зоран и Снежана се брат и сестра кои завршиле факултет со 10 просек, тој е псих олог, а таа правник.

Сметаат дека државата со оглед на нивниот просек и компетенции уште по завршувањето требаше да ги вработи. Но се останало на зал удно аплицирање.

Ги прашуваат партиите, дали со ова ги наведуваат кадрите со висок просек да заминат во странство бидејќи тука не им се дава никаква шанса.

-Во изминатите 10 години, и во време на СДСМ и во време на ВМРО ДПМНЕ имам аплицирано за работа на државни огласи, но просекот 10 не бил доволен да добијам вработување.

Со оглед на тоа што и лидерот на власта и лидерот на опозицијата се доктори на науки, сигурно знаат што значи просек 10.

И сигурно знаат дека инстелектуалците со висок просек својата шанса се повеќе ја бараат надвор од државата за да не дозволат нивните дипломи да се сведат на хартија за виткање бурек, вели Зоран Секуловски.

Зоран не е член на политичка партија. Снежана, барајќи можност да ги искористи своите компетенции пред 4 и пол години се зачленила.

-Се зачленив во СДСМ бидејќи верував дека кога ќе дојдат на власт ќе се изборат за тоа што го ветуваа, т.е. живот за сите и дека ќе им ги вратат од странство децата на мајките.

Јас од нив не побарав да ме вработат партиски, јас само сакав да добијам можност според моите компетенциии и квалификации да се вработам и да придонесам во моето општество.

Во 2018 бев одбиена од Ц С Р каде што аплицирав за правник иако ги исполнував сите услови. Четири години откако се на власт СДСМ јас се уште не ја добивам таа можност, вели Снежана Секуловска во изјава за Сител ТВ.

Пред 10 месеци поина нивната мајка која се грижеше за нивниот братучед, кој е работонеспособен и за кого веќе 10 години се води постапка за семејна пензија која тој не може да ја добие иако има правосилно решение од Управниот с уд дека правото му следува.

Сега тие ја презедоа грижата за него. Снежана пак, морала заради сето ова да ги стави во мирување постдипломските студии.

-Според најновите информации во медиумите и со сомн ителни дипломи има вработено во институциите, дали јас и мојот брат со овие компетенции и квалификации не заслуживме две работни места?

Нели Битола е за сите, а не само за некој? Тогаш Битола е за мојот брат кој 10 години чека државно вработување, Битола треба да биде за мојот братучек кој 10 години чека да си го оствари правото на семејна пензија. Битола треба да биде и за мене да се вработам според она за кое што учев и студирав, вели Снежана.

Снежана моментално работи во приватна фирма која не е поврзана со нејзината струка, а нејзиниот брат вели дека преведува и работи на проекти.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Сител ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *