12 годишно девојче од Дебар има само една желба – да застане на нозе: Потребни се 20.000 евра

  • By admin
  • август 29, 2021
  • 0
  • 4200 Views

Малата 12- годишна Елифсега ќе биде седмо одделение. Таа е родена со болест поради која не може да оди. Нејзината мајка Албана работи како хигиеничарка во повеќе куќи, но одговорноста нејзина е многу голема.

Таа секој ден треба да ја симне долу од зградата без лифт, од четвртиот кат.

„Господ да не му ја даде мака та што ние ја имаме, не сакам да гледам никого во ваква состојба како што сум јас, знам што па там јас.

Девојчето не може да се дружи со нејзините врсници, не може да излезе како сите други деца, тоа ме убива уште повеќе, јас ја носам колку што можам, но ги молам луѓето и сите Албанци да ја исправат Елиф на нозе“, истакна Албана Заиде.

Таа има можност да оздрави. Тоа може да го направи во една болница во Призрен,Косово, но тоа ќе ја чини 20 илјади евра.

„Се роди со спина бифида, но со оваа операција има можност да оди. Чини 20 илјади евра. Во болницата Ортомедика во Призрен и лекарот ми вети дека ќе оздрави.

На девојчето треба да му се лекува колкот, фра ктура на нозете и зглобовите. Јас живеам на четврти кат во социјален стан и немам можност да ја носам долу“, посочи Албана Заиде .

Гласот на Елиф едвај се слуша, вели дека цел ден го минува седејќи пред телевизорот. Таа посакува да излезе и да си игра со другарките, сестрите, да се шета и да вози велосипед.

„Седам, гледам телевизија. Јас сакам да ми се помогне да станам на нозе, да излезам надвор, да шетам со мајка ми и сестрите“, вели Елиф Заиде.

За да оздрави ова девојче шансите се 90%. На Албана и гарантирале во болницата Ортомедика во Призрен. Операцијата ќе чини 20 илјади евра, сума која може да и го исполни сонот на 12 годишната Елиф.

За контакт со мајката на девојчето и за повеќе информации со семејството можете да се обратите на телефонскиопт број 070 796 291.

Жиро сметка 270700065867023 Халк Банка

Целата сторија со видео прилог може да ја погледнете на ТВ21

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *