Остави сопруга и две дечиња од 11 и 6 години: Тетовчанец на 38 години се извлекол од вирусот, но не и од огнот

  • By admin
  • септември 9, 2021
  • 0
  • 8738 Views

Како што е веќе познато, Владата прогласи тридневна жалост на територијата на цела држава откако во вчерашниот пожар во кој изгоре модуларната болница во Тетово, однесе 14 лица.

Четиринаесет лица го загубија животот, а 12 се пов редени во пожарот кој ја зафати модуларната болница во Тетово.

На денешната вонредна седница Владата донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.

На денешната седница министрите за внатрешни работи и за здравство информирале за досега утврдената состојба од пожарот и истакнале дека увидот за утврдување на причините продолжува и денеска.

„Во оваа насока Владата донесе заклучок со препорака стручните тимови на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство да се стават на максимално располагање на обвинителството во истражните постапки.

Владата ги задолжи надлежните институции да утврдат каков тип на дополнителна помош и поддршка е потребна за семејствата на упокоените и по вредените, со цел истата да биде обезбедена во најкраток временски рок“, се вели во соопштението од Владата.

Жителите во Тетово денес веќе започнаа на социјалните мрежи да се простуваат од своите сограѓани кои својот живот го завршија синоќа.

Неколку лица кои биле сведоци, како и блиски на упокоените денес собраа сила и проговорија по некој збор пред медиумите.

За жал меѓу лицата кои повеќе не се меѓу нас има и млади луѓе, некои кои што се лечеле како пациенти, други пак кои што биле придружба.

За едно такво сведоштво проговори еден поврзасен тетовчанец кој денес дојде во Скопје да си ја препознае својата рода.

„Упокоениот ми е од чичко дете, дојдов денес за идентификација. Да не навлагам во некои други работи, само знам дека снаа ми млада со две деца едно на 11 години, друго на 6 години останаа без татко“ изјави еден Тетовчанец денес за медиумите пред влезот на судска медицина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *