Пристигна одлична вест за сите што ќе патуваат од Македонија во Грција и обратно

  • By admin
  • јуни 21, 2021
  • 0
  • 11956 Views

Од соседна Грција денес пристигна уште една поволна вест за нашите граѓани која ќе значи големо олеснување.

Имено најавата на градоначалникот на грчката општина Преспа, Панајотис Паскалидис, дека од 1. јули ќе се отвори граничниот премин кон Грција преку Битола, Меџитлија -Ники, разбуди надеж кај битолските трговци, фризери, стоматолоз и сопствениците на други услужни дејности дека по повеќе од една година, нивните мали бизниси ќе се поместат точка.

Локалното население и бизнисмените од двете страни на границата, во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Меџитлија, кој единствената врска на Пелагонискиот регион со соседна Грција.

Последиците најмногу ги чувствувата пограничните места. Утрово , градоначаклникот Пасхалидис веста за отворањето на граничниот премин кон Грција преку Битола ја објави на социјалните мрежи

Отворање на граничните премини Ники (Меџитлија) кон Македонија и Кристалопиги кон Албанија, на 1 јули, најави, преку Фејсбук, градоначалникот на општина Преспа Панајотис Пасхалидис, јави дописничката на МИА од Атина.

-Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис.

И од двете страни на границата, и од Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија).

Од граничните премини меѓу Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).

Последната министерска одлука за граничните премини и предусловите за влез во Грција, објавена во петокот е во сила до 26 јуни 2021 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *