Трајко од Куманово: Ве молам некој да ја вработи сопругата, да имаме за леб на децата

  • By admin
  • јуни 21, 2021
  • 0
  • 7481 Views

Трајко Василевски од Куманово со својата сопруга се родители три ќерки од 10 и 5 години и бебе од 18 месеци, се обрати до Кластер.мк за да го прнесеме неговиот апел за помош.

Таткото Трајко вели дека нивната финансиска состојба е не е поволна, со храна не постигнуваат. Василевски вели дека куќата им е полна со влага, па поради сите овие проблеми коишто ги има ова семејство, тој бара помош од хумани луѓе да донираат храна, мебел.

Тој останал сирак на свои 11 години, кога родителите му починале, и поголемиот дел од детството и раната младост живеел со старатели. Имал здравствени проблеми со колкот и отежнато се движи, но кога ја запознал Стефани, бил решен да формира свое семејство и да му пружи добар живот.

„Во моментов најбитно ми е да имаме храна за децата, доколку некој би сакал да ни помогне со храна, но и со мебел тоа би ни било од корист многу“, вели за Кластер и додава.

„Јас поради мојата состојба не можам да работам физичка работа, но еве еден апел ако може некој да илезе во пресрет и да ја вработи мојата сопруга“

„Во моментов живееме со 8300 денари што ги добиваме за трето дете но што попрво да направиме со нив не стигаат.

Тој додава дека е благодарен на добрите луѓе кои досега му излегле во пресрет и му помогнале.

-Преблагодарен сум на редакцијата на ,,Фокус” која ја објави приказната за мене и моето семејство, за тоа каков живот живееме. Можам да кажам дека сега, по само еден месец, нашата верба во добрината е појака од било кога.

Ни се јави една предобра жена од Скопје, се вика Маја, но не сака да се експонира јавно. Таа ни ја среди целата работа околу приклучокот на енергичната енергија, за прв пат во животот моите деца гледаат светлина во домот!

Нема да седат на свеќи, се радуваат, не сме свикнати на ваква хуманост и добрина. Маја ни ја донесе светлината, таа е нашиот херој.

Бриј за контакт: 078 646 728.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *