Пристигна и Пешевски – Македонија комплетна

  • By admin
  • март 9, 2021
  • 0
  • 644 Views

Македонската ракометна репрезентација од вечерва е комплетна. Сите ракометари се во стројот на селекторот Кирил Лазаров и пристигна последниот кој недостасуваше.

Жарко Пешевски, пивотот кој настапува за Штутгарт, беше последниот ракометар од планираните кој не беше на тренинзите. Но, од вечерниот тренинг, Македонија ги има сите имиња на број и може да се воиугрува според планот за двомечот со Данска.

Селекторот-играч Лазаров и стручниот штаб нема да имаат многу време за тактички варијанти, затоа што првиот натпревар со Данска се игра в четврток со почеток од 20:00 часот. Следната седмица следи дуел во Алборг, повторно со светскиот првак.

Македонија има две победи на две средби во квалификациите за ЕП 2022.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *