Убедлив пораз на Македонија од Србија

  • By admin
  • март 9, 2021
  • 0
  • 604 Views

Македонската футсал репрезентација загуби убедливо со 6:1, од одличната селекција на Србија во четвртото коло од квалификациската група за пласман на Европското првенство.
Во С.Ц “Јане Сандански”, избраниците на селекторот Васко Скендеровски во целост беа надиграни од репрезентацијата на Србија која заслужено и без поголеми проблеми успеа да слави убедлива победа.

Нашата селекција одлично го отвори натпреварот и во 9 минута поведе со 1:0, благодарение на голот што го постигна Исмаили. Со головите на Пршиќ од пенал, Петровиќ, Петров и Лазаревиќ, селекцијата на Србија направи целосен пресврт и замина на полувреме со убедлива предност од 4:1

Во второто полувреме гостинот ја потврди одличната игра и преку Томиќ и Ракиќ постигна уште два гола за конечни 6:1.

Циклусот продолжува во април, поточно на 8 април кога во Скопје гостува БиХ, а за крај следи гостување во Темишвар кај Романија (14 април).

МАКЕДОНИЈА: 12. Антонио Петровски, 6. Игор Леовски, 7. Адријан Мицевски, 9. Дарко Ранготов, 10. Драган Петровиќ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *