Пред празниците најбарани се прасињата, Драган ги продал сите преку Фејсбук

  • By klaster2
  • декември 27, 2021
  • 0
  • 286 Views

Секоја година традиционално за на трпезата најпобарувани се прасињата. Она што е неизбежно да се најде на речиси секоја трпеза е секако печеното свинско месо, па оние кои ги одгледуваат деновиве имаат полни раце работа.

Еден од нив е Драган Јовановиќ од селото Загорица кај Топола, кој, како што вели, преку Фејсбук ги продал сите прасиња.

Обичај е овој период прасето да е на мени и оваа традиција не е прекината со децении. Побарувачката е огромна, а понудата е многу мала и има недостиг на прасиња, бидејќи денес ретко кој сака да ги одгледува.

Да не зборуваме за помладите генерации „До неодамна во моето село имаше десетици одгледувачи, а сега останавме само двајца и затоа имаме полни раце работа. Прасињата одат како алва“, изјави Драган за ,,РИНА”

Сепак, оние кои сакаат да се почестат сo печено свинско месо, ќе треба да издвојат поголема сума пари од лани. Цената на килограм жива маса скокна во согласност со поскапувањето на добиточната храна.

„ Мораме да ги даваме по повисока цена бидејќи цената на храната скокна за 30 до 40 отсто, нема голема сметка, но може скромно да се заработи,

,, Особено ако одгледувате квалитетно, има добар глас за вас и вашата работа, тогаш е многу полесно и секако заработката поголема.

Според продавачите најубави се прасињата со тежина од околу дваесетина килограми, доволно за празничната трпеза и гостите.

Сепак, Драган не остава ништо на случајноста, па месото сам го преработува, правејќи деликатеси како пршута, колбаси, сланина и џимиринки.

„Мојата елка веќе е украсена со посебен накит, кој не само што изгледа убаво, туку и има одличен вкус, идеален за дегустација на новогодишната ноќ“, вели Драган со насмевка, покажувајќи кон машината за сушење каде што веќе има големи и солени сувомеснати парчиња.

,, Мора да се живее од нешто, генерално слаба беше сезоната, можам да кажам па никаква, но празниците се тие што можат да не оправат на тој план.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *