Од Минхен пристигна убавa вест за Македонците во Германија

  • By klaster2
  • декември 27, 2021
  • 0
  • 475 Views

,, Амбасадата информира, дека согласно информациите од колегите во Генералниот конзулат во Минхен, заклучно до денес 27.12.2021г.

,, Kога означуваат точно три месеци откако започнале со сликање и издавање на нови пасоши за нашите државјани кои живеат и работат на нивното територијално-конзуларно подрачје во Германија (Баварија и Баден Виртенберг),

,, За нов пасош во Генералниот конзулат во Минхен се сликале вкупно 470 лица, а за нив досега од МВР се издадени и доставени за подигнување вкупно околу 380 пасоши.

,, Од кои над 250 граѓани веќе си ги подигнале, а останатите ги очекуваат да си ги подигнат во најблиска иднина во Генералниот конзулат.

,, Во очекување се и на нова пратка готови пасоши за кои, веднаш штом пристигнат, Генералниот конзулат ќе ги извести засегнатите странки.

,, Воедно, од Генералниот конзулат замолуваат за разбирање од страна на лицата кои сеуште чекаат извесно време термин да бидат повикани за сликање,

,, Бидејќи сеуште се работи на реализацијата на заостанатите барања од цела мината година, уште над 150, што треба да се реализираат во текот на првата половина, а најдоцна до крајот на месец јануари 2022г, за што странките веќе се или ќе бидат информирани.

Во меѓувреме пак, од Генералниот конзулат во Минхен укажуваат дека веќе се врши закажување термини за од втора половина на јануари 2022 година па натаму,

,, И апелираат засегнатите македонски државјани кои живеат во Германија на конзуларното подрачје на Генералниот конзулат во Минхен (Баварија и Баден Виртенберг),

,, А на кои им истекуваат пасошите во 2022 година навремено да поднесат барање за термин со цел што побрзо да добијат нов пасош.

,, Потребно е на [email protected] да се испрати слика од стариот пасош и мобилен телефон за контакт по што ќе бидат известени за термин.

Дипломатијата во служба на дијаспората– до нов пасош во рок од 1 месец и многу задоволни странки, се вели во соопштението од Амабасадата на Македонија во Германија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *