Новинарот Горан се исели од Македонија и во САД стана банкар – ги наведе причините за овој него потег

  • By admin
  • јануари 7, 2022
  • 0
  • 490 Views

Горан Лалов е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Прв“ при УКИМ кој потекнува од Кочани каде и што работеше извесен период на струката.

Но пред неколку години реши да ја напуштил Македонија, а за нова дестинација го одбра САД каде работи во една од носечките тамошни банки.

Тој во разговор за ТВ21 кажа е причината поради која ја напуштил МакедонијаЗа љубов не како што знаеше да каже една наша увиверзитетска професорка, а не толку и од егзистенцијални причини.

„Причините за напуштање на Македонија беа повеќестрани, но секако дека општествено-економско политичкиот амбиент беше пресудниот фактор“, вели Горан Лалов за ТВ21.

Не е мал бројот на оние кои се „спакуваа“ поради системот на вредности кој од година во година како се повеќе да се изместува. Како што вели тој таму не му се придава големо значење како кај нас на формалното образование и темелноста колку на ефикасноста.

„По мое скромно убедување и двете земји имаат и предности и недостатоци. Мој впечаток е дека практичните знаења, ефикасноста и мотивацијата што повеќе се вреднуваат од дипломата и поширокото знаење темелноста.

Тоа има и доба и лоша страна. Американското опшшетсво е потрошувачко во вистинска смисла на зборот. Су ровиот капитализам диктира исклиучително силно темпо.

Извршувањето повеќе задачи истовремено без губење фокус на ниту една од нив куруазијата со интегрирано профитно компоненетна во сите нивоа на работна комуникација , надминувањењто на очекувањата на работа, високите резултата на анкетите на клиентите се дел од работните принциппи во сите организации“, посочува Горан Лалов.

Како ја чувствуваат Ковид ситуацијат Американците објаснува Лалов гледано од негов агол. За разлика од нашата зејма, цената на недвижностите паѓа вели тој. Во Америка се луксуз здравствените услуги, образованието, органски произведената храна.

„Да и тоа во поголем обем отколку во Македонија. Многумина се потсетија на криз ата од предгодната деценија кога многу Американци останаа без работа, а цените на недвижностте се спуштија трастично.

Но, наспроти надежите на новите инветситори тоа сега не е случај со исклучок на каматните стапки.

Она што јас секојдневно го сведочам во имплементација на новите модалитети на рабта на банките од почетокот на пандемијата е целосна преориентација кон електронко банкарство и дигиталните паричници као примарен начин на вршење трансакции“, додава Горан Лалов.

На прашањето дали би се вратил, вели дека и да се случи тоа би работел за американска компанија.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *