Пејачката Лидија Спасовска открива кој политичар би го викнала да и работи на бавчата

  • By klaster3
  • април 17, 2022
  • 0
  • 606 Views

Фолк пејачката Лидија Спасовска Стојќиќ е една од најангажираните пејачки на македонската музичка сцена. Најаактивна е на македонските свадби, родендени и друг вид семејни прослави.

Потекнува од Куманово, а мажена е во село Тромеѓе, родното место на нејзиниот сопруг Југослав, но живеат и работат во Куманово.

Почетоците на нејзината кариера се врзани за нејзината петнаесетта година што е вистинска реткост кај нас, а песната „Помисли на мене“ и направи вистински „бум“.

– Мојот прв албум го снимив на 15 години со 8 песни од кои „Помисли на мене“ е мојата лична карта, за која музиката и аранжманот се на Горан Георгиевски, а текстот на Боби Петковски.

За многу кратко време откако излезе албумот станав многу позната и барана пејачка. Почнав да пеам во „Велчево меанче“ во Скопје заедно со Ферус Мустафов и продолжив до ден-денес со соработка со сите мои колеги и колешки, изјави Лидија за Вечер.

– Во тоа време и одев и не одев на училиште, па ми беше тешко и напорно, ама убави денови и години беа. Земјоделски техничар бев во средно и од моите професори и соученици имав голема поддршка.

Лидија направи пауза од кариерата поради родителството и посветувањето на децата, па во емисијата 7/8 проговори дали и било тешко враќањето на сцена.

– Почнав со брат ми, а потекнувам од музикално семејство и татко ми има свирено и сестра ми брат ми. Периодот не дека не беше тежок ама од друга страна па се омажив во 2005, добив син – Кристијан, потоа ќерка Марија а со сопругот Југослав сме заедно 17 години.

После четири години откако правев пауза не беше ни многу тешко, продолжив со брат ми и се вратив за брзо на музиката, објаснува Лидија.

Често има настапи надвор од земјава – Австралија, Америка и цела Европа и тоа ѝ ги отежнува обврските дома, но со добра организација и одличен партнер се е можно. Веќе го спрема и нејзиниот петти албум.

Голем дел од времето го поминуваат во село Тромеѓе и одгледуваат бавча. За себе додава дека е најдобра во садење пиперки, патлиџани, цвеќиња, а често се случува и да пее додека сука зелник.

Пејачката доби интересно прашање, кој политичар би го земала да работи кај неа на бавчата, таа само да одмара и вода да му носи на кое даде интересен одговор: „Никој, не може да работи никој како мене“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.