(ФОТО) За пејачката годините застанале: Фолкерката Адријана Кеш сподели како изгледаше пред 18 години

  • By klaster3
  • април 17, 2022
  • 0
  • 316 Views

Фолк пејачката Адријана Ацевска или во јавноста позната како Адријана Кеш е една од најатрактивните пејачки на сцената. Својата популарност ја стекна со големиот хит „Кеш, кеш“ кој за неверојатно брзо време ја освои публиката.

во јавноста стана најпозната со песните “Мафија ш”, “Кеш”, “Ро бинка“, особено поради прово кативните текстови кои ги пееше.

„Песната „Кеш“ ми беше пресврт во кариерата. Кога ја снимив, можеби не бев подготвена. Кеш ме обележа. Драго ми е што и ден денес се вратат, се пеат на моите настапи.

Името го добив по песната и мило ми е што ме препознаваат по некоја моја песна“, кажа пејачката во едно свое телевизиско интервју.

Со музика се занимава од најрана возраст – уште на 7 години беше дел од хорот на Сидо фестивалот. По потекло е од Битола, а долги години опстојува на македонската музичка сцена и може да се пофали со успешна кариера.

Како што и самата вели, вложува многу во себе. Не е спортски тип, но секогаш е соодветно облечена за секоја прилика, а на социјалите мрежи често споделува фотографии од својата витка фигура.

– Да се биде јавна личност е една од најтешките професии и тешко кој може да го издржи тој пр итисок, особено кога си жена. Некогаш ми годи кога се најдени вистинските зборови за физичкиот изглед, но би сакала повеќе да се зборува за трудот кој го вложуваме, изјави таа.

Во интервју за весникот Вечер во 2011 година изјави дека никогаш нема да стави силикони или да го коригира телото, но со текот на времето го смени својот став и тоа драсти чно.

– Сметам дека изгледам убаво. Не сакам да правам корекции на телото, но ги поддржувам жените кои ставаат импланти, тоа е нивна желба и нивно право, кажа Адријана.

За промените што ги направила дури и самата знае да потенцира, објавувајќи фотографии од минатото. Па така и сега сподели дамнешна фотографија нагласувајќи: „Ова сум јас, потсетување пред 18 години“.

Мора да се согласиме дека за пејачката годините како да застанале, и денес изгледа подеднакво добро како и пред 18 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *