Невиден баксуз: Изгребал 250.000 евра, ама не може да си ги подигне поради една причина

  • By klaster3
  • април 17, 2022
  • 0
  • 340 Views

Во изминатите неколку недели животот на еден млад човек од Алжир, кој моментално без документи се наоѓа во Белгија, целосно се променил кога решил да купи грепка.

На негова голема среќа освоил 250.000 евра. Но, во секое добро има и нешто ло шо, па така парите коишто ги добил не може да си ги подигне.

Иако многу ќе му користеа и значително ќе му го подобреа животот како мигран т, сепак поради тоа што нема документи не може да си ги земе.

“Не го очекував тоа. Еднаш освоив пет евра, еднаш 10. Оваа сума пари сега е апсолутно неверојатна. Бев пресреќен и на почетокот не можев да поверувам”, рекол Алжирецот за медиумите.

Тој во Белгија пристигна пред два месеци преку Шпанија и Франција. Не можел да најде работа во Алжир, пренесува РТС, па сака да остане таму.

„Сакам да работам во Брисел. Можам да отворам продавница. Белгија е добра земја и нуди многу можности“, изјави тој.

Од парите од лотаријата, пред се, би купил стан затоа што во моментов нема покрив над главата. Откако „изгреба“ 250.000 евра, не се појавил цела недела.

Минатиот петок тројца мажи се појавиле во Националната лотарија со неговиот тикет. Надлежните најпрво се посомневале дека тие го укр але добитното ливче, поради што биле уапс ени.

Меѓутоа, Алжирецот подоцна изјави дека тоа не е точно и тројцата уап сени подоцна беа ослободени откако ја разјасни ситуацијата.

„Го дадов ливчето на мојот пријател бидејќи има документи. Роден е во Франција, па го замолив да ги земе парите наместо мене“, откри мигра нтот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *