Петмина во тетовско Вратница спијата во една соба од куќа која некогаш била штала: Повеќе сме гладни од колку сити

  • By admin
  • октомври 3, 2022
  • 0
  • 374 Views

Габриела Јаковска пред неколку дена на својот профил на фејсбук сподели објава во кој што се вели:

Во тетовското село Вратница, помеѓу зидовите ун иштени од влага, во куќата која некогаш била штала (100 годишна, сега е пренаменета за куќа), во студенило, црнила, бе да…живее 5 члено семејство! Три генерации! Стар из немоштен дедо, неговиот син, снаа и двете мали внучиња!

Од како првата рожба овој млад брачен пар под чу дни околности ја изгубил, се раѓа нивната радост, нивното синче… Млад пар, сонува за иднина со дечиња, сонува да направи куќа и тоа го започнува.

Се раѓа и второто синче, но радоста ја отежнува фактот дека малечкото дете има срцева маана! Почнува го лгота и се навака е историја.

Младата мајка е бо лна и има сериозни здравствени проблеми, малечкото дете исто така има проблеми со срце, сето тоа налага здрав живот и исхрана, но нема, а стариот дедо на страна, молчи и глуми дека солзите му се од ладното

Во оваа куќа е потребна помош, тие живеат во една соба, само една соба, самиот татко е заглавен со кредити, примањата кои не редовно ги има не се доволни за ништо!

Повеќе сме гладни од колку сити (им даваат соселаните храна, кој колку може), навечер си легнуваме без надеж за подобро утре! Кое утре?

Пак ќе биде исто, што може да се смени, работиме, сопругот оди на работа, но кредитите кои ги земавме за да се направат собите и за лекување на малиот сега не притискаат. Една плата е, целата оди таму! Секој ден се чу дам, што да зготвам денеска??? – низ солзи кажува оваа мајка…

Тука е потребно се, од преправање на зидовите, малтерисување на празните соби, во оваа куќа нема регал, нема полица, нема пкафче, нема каде да се стават ни малкуте работи што ги имаат. Со текот на годините нешто пробувале да прикрпат, но залудно.

На овие две мали дечиња им треба што поскоро здрава соба, подобра исхрана и спокојно детство, во таа куќа влагата толку се име проширено што едвај се дише а тоа е ужасно опасно по здравјето не луѓево!

Ве молам да помогнеме на ова не среќно семејство: Потребен е материјал: Гипс табли Малтер Абрип Ламинат Врати Прозори Аголна гарнитура.

Потребни ни се мајстори, молери и електричар. Кујна, шпорет на дрва, Шпорет електричен, Машина за перење алишта, регали, теписи,
завеси, детска соба, се надеваме и на тој лап топ, точак и патики за фудбал кои се желбата на ова мало дете.

Потребна е храна и средства за хигиена! Ова можеби е најголемиот залак на кој се одлучив во сите овие години, но се надевам дека и покрај се со ваша помош ќе успреме да го реновираме овој дом.

Поради тоа што детето оди на училиште нема да бидат дадени јавно податоци!Секој од вас кој што сака да помогне нека ми пише или нека ме контактира на:078-223-095 Габи!

Исто така можете да донирате и на GoFundMe платформата на следниов линк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *