Среќата и се насмевна на сестрите од скопско Драчево: Хуман граѓанин реши да ги презеде работите во свои раце

  • By admin
  • октомври 3, 2022
  • 0
  • 273 Views

Сторијата за Зулфија и Дашурија Ахмети од скопско емитувана пред извесен период на Сител ТВ доби среќно продолжение, секако за двете жени.

Па така сега може да се забележи возбуда и среќа на лицата на двете слепи и неподвижни сестри. Од денеска животот ќе го продолжат во дом за стари лица каде ќе имаат постојана нега и грижа.

По сторијата на Сител за тешкиот живот на Зулфија и Дашурија Ахмети од скопско Драчево хуман граѓанин кој сакаше да остане анонимен ги покри трошоците за нивниот престој во домот Олимпија.

-Сега јас ќе одам во дом, доста беше престојување во мојата родна куќа. Морало така да биде и ќе продолжам понатаму во дом. Сакам да се заблагодарам на еден хуман господин непознат што ми помогна да го продолжам мојот живот, рече Зулфија Ахмети.

-Јас се чувствувам многу добро и да се заблагодарам на хуманиот анонимен човек кој ни помогна, се надоврза Дашурија Ахмети.

Подршка во домот ќе добиваат и од коалицијата која ги застапува правата на слепите и лицата со попреченост.

-Се што им треба, дали од областа на лековите, памперс, се што треба ќе помагаме со нашето досегашно искуство со лицата со оштетен вид, изјави Суарет Алишан од Коалицијата “Менуваме”.

За двете сестри се заинтересираа и социјалните служби. Од меѓуопштинскиот центар за социјални работи им понудија личен асистент кој ќе се грижи за нив, но тие одлучија животот да го продолжат во дом.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *