Панчо од ДНК излезе на улица па порача: Се срамам дека воопшто бевме

  • By admin
  • август 20, 2021
  • 0
  • 13207 Views

Музичарот Владимир Блажев попопзнат како Панчо од ДНК се огласи на својот профил на фејсбук каде сподели статус во кој вели:

Слободата на движење и изразување на секој еден граѓанин на Република Македонија е загарантирано право според устав.

Немам никаков проблем против вакцините ( и ја сум вакциниран ) и вакцинираните, уште помал против оние кои неќат да се вакцинираат, имам СЕРИОЗЕН ПРО БЛЕМ кон луѓето кој сакаат да бидат диктатори и глумат ре жим во 2021 година и притоа индиректно да ун иштуваат приватни бизниси за кои не сфаќаат.

Oдносно не сакаат да сфатат дека некои сопственици имаа вложено се што заштедиле низ целиот свој живот и притоа подигнале и кредити кои мораат да се исплатат.

Стојам на ставот дека пол ошо менаџирање на кри за од страна на “компетентни” ликови немало ниту некогаш ќе има, односно не им се дава можност на компетентните бидејќи за жал сме преполитизирана нација.

Премногу задоцнети мерки и пропусти, за подоцна сета нивна неспособност да се става на товар на недолжниот народ кој притоа плаќа данок за истите тие “глаучи” да земаат плата.

Чесни луѓе и граѓани кои се борат за парче леб во оваа прекорумприана држава ( ако може така да ја наречам ).

Бев на про тест со мојата екипа ( која е вакцинирана ) за кој се срамам дека воопшто бевме.

Не знам кој им дозволи(л) да дојдат до збор првите двајца но се осеќав како да сум на некој партиски митинг каде што целосно ја утнаа поентата на пр отестот.

Разо чарувањето беше очигледно кај многумина кои набрзо си заминаа од протестот кој треба да ги застапува и брани човековите права и да биде најголем отпор и кри тичар на власта која неќе да го слушне гласот на народот кој ги донел на таа позиција.

Апел до организаторите од мене е да не даваат збор и микрофон на секоја искомплексирана будала која е желна за 3 минутно внимание и притоа да зборува и да верува дека вирусот не постои, а толку многу недолжни луѓе си заминаа, а здравствените лица кои за мене се херои, КОСКИТЕ си ги оставија со тродупли смени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *