Од скопскиот аеродром со важно потсетување до патниците

  • By admin
  • мај 24, 2021
  • 0
  • 1177 Views

Од скопскиот аеродром пред неколку дена излегоа со важно потсетување за своите патници во кое се вели:

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Драги патници, Дали знаете што треба да направите пред да пристигнете на Аеродром, во услови на пандемија со КОВИД-19, покрај вообичаените подготовки за патување со авион?

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Проверете ги рестрикциите за патување на земјата која е ваша крајна дестинација. Доколку покрај пасош, ви се потребни и дополнителни документи, како што се: виза, дозвола за престој и слично, во консултација со Амбасадата на земјата на вашето пристигнување, обезбедете ги бараните документи навреме, пред да тргнете на пат.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Потребниот Образец за лоцирање патници (Passenger Locator Form) за определени дестинаци кој е издаден од земјата во која патувате пополнете го навреме, со цел да бидете спремни кога ќе пристигнете на нашите шалтери за пријавување патници и багаж.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Овие обрасци се достапни онлајн, на веб-страниците на надлежните државни институции на странската земја во која патувате.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Проверете каков вид на КОВИД-19 негативен тест и направен пред колку време, бара државата во која патувате и истиот обезбедете го навреме, пред да пристигнете на нашите шалтери за пријавување патници и багаж.

Доколку одлучите да правите брз антигенски тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, во пунктот на Лабораторијата на Клиниката “Жан Митрев”, којшто се наоѓа пред терминалната зграда, ве молиме пристигнете на Аеродром 4 часа пред времето на полетување!

Оваа препорака е со цел да избегнете долго чекање ред за тестирање и да успеете да ги завршите сите аеродромски процедури навреме пред да се качите на вашиот лет.

Напомени: Шалтерите за пријавување патници и багаж се отвораат најрано 3 часа пред времето на полетување, а се затвораат 60 минути пред времето на полетување.

Рестрикциите за патување од странски земји во услови на пандемија со КОВИД-19 проверете ги со вашата авиокомпанија и Амбасадата на земјата во која патувате.

Со почит, ТАВ Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *