Д-р. Пановски распали утрово: Голем срам доживеа државата

  • By admin
  • мај 25, 2021
  • 0
  • 25287 Views

Универзитетскиот професор, доктор Никола Пановски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 утрово говореше отворено но и критички настроено.

Почнуваат да се собираат луѓе во затворен простор низ светов. Досега изненадувачки и оптимистички е дека не се јавува зголемување на заразени, исто и кај нас.

Бројот постојано паѓа, иако гледам дека не се почитуваат многу мерките. Значи има некој колективен имунитет“, вели епидемиологот Никола Пановски за емисијата „Студио 10“.

Освен тоа, Пановски смета дека и топлото време има свој удел, со оглед на тоа дека луѓето се почесто се собираат на отворен простор.

„Јас сум изненаден колку брзо третиот бран отиде надолу. За жал, бројот на поч инати цел месец и пол после падот на новозаразените, споро паѓа, односно тој паѓа 2 до 3 пати, за разлика од новоинфицираните. Се надевам дека бројката на см ртни случаи веќе никогаш нема да биде двоцифрена“, додава тој.

Пановски посочува дека риз ик се уште се јавниот превоз и лицата кои што работат со странки.

„Друго објаснување освен колективниот имунитет не можам да најдам. Сметам дека меѓу 60 и 70 проценти, а меѓу младите и повеќе, имале контакт со коронавирусот, некои прележале, некои криеле за да не се тестираат“, истакнува докторот.

Требаше државата кога виде дека премногу „креативно“ се лекуваат луѓето, не се почитуваат протоколите, да се испрати писмен допис, не може во една болница во Скопје да се дава ивермектин, а во друга да не се дава.

Голем срам доживеа државата со антибиотиците, токсични лекови се даваа, забранети, и никаква реакција, освен јас уште неколку доктори, се даваа лекови и кај здрави луѓе. Другите аспекти треба да ги испитаат“ – вели д-р Никола Пановски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *